Ако имате лимон, направете го овој колач кој се топи во уста…За 15 минути…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За пудинг:
1 јајце
50 г шеќер (2 лажици)
1 прстофат сол
20 г скроб (1 лажица)
ситно рендана кора од лимон
сок од половина лимон
200 мл млеко (1 чаша)
25 г путер (1.5 лажица)
За тесто:
3 јајца
150 г шеќер (6 лажици)
10 г ванилин шеќер (1.5 лажички)
50 г кисела павлака (2 полни лажици)
150 мл масло )8 лажици)
сок од половина лимон
250 г брашно
15 г прашок за печиво (2 лажички)
ПОСТАПКА:
1.Во тенџере сипете ги сите потребни состојки за пудингот освен путерот. Доведете до вриење и варете со непрекинато мешање додека да згусне.
Потоа додајте го путерот и мешајте додека да се растопи и инкорпорира. Покријте со фолија и оставете да се олади.
2.Пенасто изматете ги јајцата со сол, шеќер и ванила, па додајте масло, кисела павлака, брашно и прашок за печиво, па сето измешајте го да нема грутчиња. Во смесата додајте лимонов сок и промешајте.
3.Тестото сипете го во намастен и набрашнет калап 18х26 см (или обложен со хартија). Пудингот распоредете го одозгора преку готварска кеса или со лажица, па ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, 40 минути.
4.Печениот колач оставете да подизлади, па посипете го со шеќер во прав и послужете го. Постапката погледнете ја ОВДЕ.
https://youtu.be/puW07cvW1bg?si=ExOEsbwibKPXDac7