Ако имате лимон, направете го овој десерт за 10 минути, без печење, едноставно и многу вкусно…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за калап 18х28 см):

За основа:
200 г мелени бисквити
6 лажици растопен путер (80 г)
1 лажичка екстракт од ванила

За фил 1:
950 мл млеко
170 г шеќер
45 г скроб (5 лажици)
120 г цврст јогурт или кисела павлака

За фил 2:
100 мл сок од лимон
300 мл вода
3 лажици скроб (25 г)
1/2 лажичка куркума (за жолта боја)
50 г шеќер
За декорација: растопено бело чоколадо

ПОСТАПКА:

1.Измешајте ги меле ните бисквити со растопениот путер и смесата која има конзистенција на влажен песок натапкајте ја на дното од калап 18х28 см. оставете во фрижидер 30 минути.

2.Во млекото растворете го шеќерот и скробот, па варете на умерен оган додека смесата да згусне. Тргнете од оган и додајте ја павлаката, па мешајте додека да се соедини.

Сипете врз основата од бисквити и оставете во фрижидер 30 минути.

3.Во тенџере измешајте лимонов сок, вода, скроб, куркума и шеќер, па гответе на умерена температура со непрекинато мешање додека да згусне.

Сипете врз првиот крем и оставете во фрижидер 1 час. По изминатото време декорирајте со растопено бело чоколадо. Постапката погледнете ја ОВДЕ.