Ако имате кисела павлака и 3 јајца направете го овој КОЛАЧ ЗА 10 МИНУТИ…Едноставен, но многу вкусен и мек…Се топи во уста…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
3 јајца
1 прстофат сол
150 г шеќер (3/4 чаша)
120 г цврст јогурт или кисела павлака (1/2 чаша)
50 мл млеко (1/4 чаша)
150 г растопен путер (3/4 чаша)
320 г брашно (2 чаши + 2/3 чаша)
15 г прашок за печиво (1 супена лажици)
1 лажичка есенција од ванила
За фил (сите состојки измешајте ги):
150 г ореви
3 лажици шеќер
60 г путер на собна температура
ПОСТАПКА:
1.Пенасто изматете ги јајцата со прстофат сол и шеќер, па откако ќе згуснат додајте го растопениот путер. Соединете, па додајте ја киселата павлака и ванилата. Изедначете па додајте го брашното и прашокот за печиво.
2.Мазното тесто разредете го со млеко да добие аморфна конзистенција.
Половина од тестото сипете во обложен калап 28х17 см, израмнете, распоредете половина од филот, па повторете ја постапката уште еднаш.
3.Ставете да се пече во загреана рерна на 175 степени, 35-40 минути.
Постапката погледнете ја ОВДЕ.