Home закуска Ако имате готово лиснато тесто, не пропуштајте ја оваа многу вкусна, брза...

Ако имате готово лиснато тесто, не пропуштајте ја оваа многу вкусна, брза вечера…

Ако имате готово лиснато тесто, не пропуштајте ја оваа многу вкусна, брза вечера…Овојпат користев фил од мелено месо, но можете да употребите што сакате или имате во фрижидер…

Можете да го искористите за да подготвите ролнички со сирење и спанаќ или пак да направите крцкави кроасани со шунка и кашкавал. Само додајте малку зачини и вашата вечера е подготвена за неколку минути!

Споделете ги вашите креации со нас во коментарите! Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 готово лиснато тесто
200-300 г мелено месо
1 мала главица кромид, ситно сечкан
2-3 чешниња лукче, ситно сечкано
сол, црн пипер, чили и зачини по вкус
кашлавал
јајце за премачкување
НМД.мк

ПОСТАПКА:

Испржете го месото со ситно сечкан кромид и лук, па зачинете го по желба и оставете го настрана да се подизлади.

Тестото развлечете го со оклагија колку можете и исечете го на долгнавести триаголници или правоаголници. На едниот крај ставете тенко парче кашкавал (или рендан), малку фил и свиткајте во ролна или кифла.

Вака подготвените печива наредете ги во соодветен намастен огноотпорен сад. Одозгора премачкјате ги со јајце и ставете малку кашкавал, па печете во загреана рерна на 180-200 степени додека да заруменат.