Ако имате гости и сакате да ги почестите со нешто вкусно, направете го овој колач…КОЦКИ СО ОРЕВИ И ЧОКОЛАДО…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За 2 кори:
8 белки
120 г шеќер
60 г мелен бисквит
80 г мелени ореви или лешници
КРЕМ:
8 жолчки
130 г шеќер
150 г брашно
700 мл млеко
200 г чоколадо со малини или по желба/ситно сечкано
250 г маргарин или путер
100 г мелени плазма бисквити
ДЕКОРАЦИЈА:
200 мл слатка павлака
30 г чоколадо за готвење
мелени ореви или лешници за посипување
ПОСТАПКА:
1.Белките (4) пенасто изматете ги со постепено додавање на шеќерот (60 г). Кога ќе добиете цврст снег оставете го миксерот, додајте ги мелените ореви (40 г) и бисквити (30 г), па промешајте со жица.
Смесата распоредете ја во калап 19х28 см обложен со хартија и печете 15-тина минути во загреана рерна на 180 степени. Повторете ја постапката за уште една кора. Оставете ги да се ладат.
2.Изматете ги жолчките со шеќерот, па додајте брашно и 200 мл млеко и промешајте да нема грутчиња. Остатокот од млекото (500 мл) оставете да зоврие, па тргнете го настрана и сипете ги жолчките со непрекинато мешање.
Вратете на ниска температура и мешајте непрекинатпо додека да згусне. Кремот оставете го да се олади. Потоа изматете го и соединете го го путер исечкан на листови. Додајте ги бисквитите и чоколадото па промешајте со шпатула.
ФИЛУВАЊЕ: Кора-фил-кора-фил-декорација. За декорација: растопете го чоколадото во 30 мл загреана павлака, па сипете во 170 мл павлака и изматете со миксер. Одозгора посипете мелени лешници или ореви.
Колачот оставете го неколку часа во фрижидер или најдобро преку цела ноќ, па сечете на коцки и послужете го. Постапката погледнете ја ОВДЕ.