Во Европа го донеле монасите уште во 12.век од тропска Азија и оттогаш се смета за “света билка” во многу култури. Расте како мала грмушка, дури и во домашни услови, а во алтернативната медицина се цени и поради лековитите својства кои ги содржат листовите и семето на оваа билка.
Босилекот е најдобар за болести на органите за варење – Во народната медицина босилекот се користи за лекување на бројни болести, а праксата покажала дека најделотворен како билка, помага за лекување на болести на органите за варење како што се:
Гастритис, појава на гасови во цревата, против подување на стомакот, запек и други тегоби кои се јавуваат при пореметување на варењето на храната. Го јакне желудникот и го враќа апетитот – Босилекот е добро средство за јакнење на желудникот и подобрување на апетитот.
За да делува во овој случај се препорачува да се консумира како зачин во јадењата или како чај кој се пие после јадење. Лекува болести и на уринарните патишта – Босилекот е познат и по своето диуретично делување. Помага во подобро излачување на урината, па поради тоа се препорачува во лекување на болести на органите за мокрење како што се:
Воспаление на бубрези и мочен меур, отежнато и болно мокрење. Оваа билка во народната медицина се споменува и како делотворно средство за регулирање на нередовниот менструален циклус, на пример. Чај од босилек – Овој чај се користи за лекување на болестите на органите за варење и мокрење, го подобрува апетитот и ја зголемува “млечноста” кај доилките.
За да го приготвите овој чај ќе ви бидат потребни следните состојки: 1 лажичка сув босилек и една шолја вода. Постапка: Босилекот прелијте го со зовриена вода и оставете го да отстои поклопено 15 минути. Потоа процедете го. Се пие две до три шолји дневно и тоа во голтки.
Овој чај не треба да се засладува со ништо. Чај против гасови – Се користи против грчеви и гасови во стомакот. Потребни ви се 30 до 50 г сув босилек и еден литар вода. Прелијте го сувиот босилек со зовриена вода, поклопете и оставете да отстои 20 минути. Потоа процедете го чајот.
Пијте по една шолја чај само после главните оброци. Семето од босилек е моќен лек кој го регулира шеќерот и ги лекува коските нападнати од остеопороза. Можеби сте слушнале дека семето од босилек е многу моќно и дека е многу полезно за општото здравје на човекот.
Иако во денешно време е помалку познато, сепак, во дамнешно време бил познат лек кој го користел обичниот народ. Еве ги сите здравствени бенефити од ова магично семе, научете како на најдобар начин да го искористите. Семето од босилек е богато со растителни влакна:
Во една супена лажица семе од босилек се содржат 25% од дневните потреби за влакна. Благодарение на тоа, ова семе е одлична замена на чиа семето и другите слични семиња кои се користат за решавање на тегобите со гастроинтестиналниот тракт. Доколку патите од запек и нередовна столица, ова семе ќе го реши вашиот проблем.
Со негова консумација вие ќе се чувствувате сито, без да се трупате со куп калории, па истовремено може да им помогне и на оние кои сакаат да се ослободат од вишокот калории. Го регулира шеќерот – Според неколку проучувања, семето од босилек може да помогне во регулирањето на нивото на шеќерот во организмот.
Во истражувањето учесниците консумирале натопено семе од босилек во чаша вода. Резултатите биле: Намалување на шеќерот за 20% во однос на резултатите измерени претходно. Семето исто така, е богат извор на калциум и магнезиум – Семето од босилек е одличен извор на калциум, магнезиум и железо.
Калциумот и магнезиумот се особено важни за здравјето на коските и мускулите, а железото – за црвените кр-вни зрнца и транспор на кислородот до сите ткива во организмот. Семето од босилек особено им се препорачува на вегетаријанците кои што во својата исхрана не внесуваат доволно од овие минерали.
Семето од босилек е растителен извор на омега -3 масни киселини – Само околу 1 супена лажица семе од босилек дневно се доволни за да се снабди телото со потребната количина од Омега-3 масни киселини. Во семето на босилекот се содржи алфа-линолеинска киселина, која е еден вид на Омега-3, која му е потребна на телото за да произведе енергија.
Еве како се приготвува семето од босилек: Користете органско семе од босилек кои сте го собрале од вашата градина или купено од проверен производител. Добро распрашајте се пред да го купите семето, зошто честопати се случува да е третирано со пестициди.
Ако претходно сте користеле чиа семе, тогаш ќе знаете како да го приготвите и семето од босилек. Многу се слични по структура и изглед. Натопете една супена лажица во чаша вода. Оставете вака да кисне околу 15-тина минути, додека да набубри и да се создаде желатинозна супстанција. Потоа, еве како да се искористи вака приготвеното семе:
Во смути, свежо цедени сокови, топли и ладни крем супи, кисело млеко или јогурт, во кефир, млечни шејкови, овесни каши, леб и други печива, палачинки. Можете да приготвувате и пудинг од семе од босилек или освежителен десерт, доколку го закиснете семето од претходниот ден, а потоа го измиксате заедно со некое смрзнато овошје, по вкус.