Ако имате бисквити и јогурт, направете ја оваа БРЗА ТОРТА за 10 минути…Кремаста и толку вкусна…Колач за секој ден..Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 јајца
220 г шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
50 г скроб
700 г цврст јогурт или кисела павлака
70 г путер
18 парчиња бисквити
шеќер во прав

ПОСТАПКА:

1.Во тенџере измешајте ги јајцата, шеќерот, ванилата, скробот и павлаката. Ставете на оган и гответе на умерена температура со непрекинато мешање додека да згусне.

2.Во топлиот крем додајте го путерот и мешајте додека да се растопи и инкорпорира.

3.Во обложен калап 15х20 см наредете еден слој бисквити (не треба да ги натопувате. Одозгора сипете го топлиот крем и израмнете.

4.Одозгора наредете уште еден слој бисквити. Оставете да се олади најпрво на собна температура, а потоа и во фрижидер, најдобро преку ноќ.

5.Следниот ден извадете го колачот од калапот, по желба посипете одозгора шеќер во прав и послужете. Постапката погледнете ја ОВДЕ.