Кумис е напиток кој важи за најдобар руски народен лек кој ја регенерира слузокожата на желудникот:
Потребни состојки:
1 чаша вода
2 лажици мед
2 лажици кефир
1 литар млеко (по можност коњско млеко)
1 лажичка сув квасец
Поголема стаклена тегла
газа
Постапка:
Во чаша врела вода растворете 2 лажици мед. Добро промешајте па истурете во голема тегла. Додајте две лажици кефир и литар млеко.
Промешајте, прекријте со двослојна газа и оставете на топло место да отстои 3 дена. Потоа додајте мала лажичка сув квасец, промешајте и повторно прекријте со газа.
Штом забележите дека во теглата започнале да се појавуваат меурчиња, Кумусот е готов. Се чува во фрижидер.
Употреба: по 50 мл трипати дневно, половина час пред јадење, во период од најмалку две недели.
Внимание: Возачите не би смееле да го пијат Кумисот пред возење, затоа што напитокот содржи мала количина алкохол.