Ако имате 3 компири направете ги овие веге-ќофтиња…повкусни се од месо…Во рецептот има и 1 јајце, а оние што постат можат да го заменат со една лажица посен мајонез и малку скроб по потреба. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
3 компири (800 г)
1 главица кромид
1 јајце
1 морков
5 чешниња лук
магдонос, сол, црн пипер и зачини по вкус
3-4 лажици лебни трошки
ПОСТАПКА:
1.Компирите излупете ги и крупно исечете ги па заедно со морковите ставете ги во тенџере со вода да се сварат. Кога ќе омекнат процедете ги од водата и испасирајте ги.
2.Ситно сечканиот кромид и лукче издинстајте ги на малку масло и додајте ги во пирето. Зачинете по вкус и додајте ситно сечкан магдонос, па сето промешајте го.
3.На крај додајте го јајцето, изедначете и со лебните трошки згуснете ја смесата за да може да се обликува со раце.
4.Намастете ги рацете и со намастена лажица црпете од смесата и обликувајте ги ќофтињата. Пржете ги во нелеплива тава на умерено загреано масло додека да заруменат од двете страни. Постапката погледнете ја ОВДЕ.
https://youtu.be/kVgfB743TQ8?si=v8OnnQVq_i0Wi1Md