Ако имате 2 јаболка и 3 јајца, направете го овој неверојатно вкусен и мек колач со јаболка…Лесен и евтин рецепт…

Од само 2 јаболка правиме вкусна сочна и мека торта која ќе го воодушеви целото семејство, а куќата ќе мириса на овој колач, на ванила, јаболка и цимет!

Се надевам дека ќе ви се допадне и ќе го пробате! Брзо и лесно се подготвува и евтино! Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 јаболка
2 лажици мед
3 јајца
150 г шеќер
225 г путер
250 г брашно
10 г прашок за печиво
10 г ванилин шеќер
1/2 лажичка морско оревче
1 лажичка цимет
ситно рендана кора од 1/2 лимон
шеќер во прав

Се пече на температура од 180 Целзиусови степени 30 минути. Јас користам калап со димензии 20х30 см.

ПОСТАПКА:

1.Излупете ги јаболката, исечкјате ги на коцкички, залијте ги со мед и посипете ги со цимет.

2.Во подлабок сад изматете ги јајцата со шеќерот, па додајте го растопениот путер. Во смесата додајте брашно, прашок за печиво и ванила, па изматете со жица за да нема грутчиња.

Потоа додајте мелено мускатно оревче, ситно рендана кора од лимон и прстофат морска сол.

3.Додајте ги јаболката, промешајте и смесата сипете ја во калап обложен со хартија за печење. Израмнете и печете 30 минути во претходно загреана рерна на 180 степени.

Печениот колач оставете да се подизлади, па сечете го на коцки и посипете го со шеќер во прав. Постапката погледнете ја ОВДЕ.