Ако имате 2 јајца и јогурт, направете го овој десерт за 10 минути…Супербрз и лесен рецепт…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

50 г шеќер
2 јајца
8 г ванилин шеќер
125 г цврст јогурт или кисела павлака
50 мл масло
420 г брашно
10 г прашок за печиво
рендана кора од лимон/лимета

За фил:
2 јаболка
2 лажици шеќер
1 лажица џем по вкус
1 лажица путер
шеќер за валање

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад со жица соединете ги јајцата со шеќерот и ванилата. Додајте ги маслото и јогуртот, рендана кора од лимон, а потоа и брашното помешано со прашок за печиво.

Мешајте со лажица, а потоа замесете со рака. Треба да добиете меко тесто, но да не се лепи.

2.Тестото покријте го и оставете го да одмори додека го приготвувате филот.

3.Во широка тава сипете ги јаболката (излупени и исечени на коцки-плочки), додајте шеќер, џем и путер, па динстајте ги на умерен оган додека да испари вишокот течност.

4.Тестото поделете го на 8,9…или повеќе топчиња, во зависност од саканата големина на „панцеротите“. Развлечете го секое топче во кора со дебелина од 5-8 мм.

5.Во средината ставете фил, а околу кората премачкјате ја со вода за полесно да се залепи.

Преклопете, отсечете го вишокот тесто и притиснете со виљушка за да се залепат краевите.

6.Пржете ги во умерено загреано масло додека да заруменат од двете страни.

7.Топли валајте ги во ситна шеќер и послужете ги. Постапката погледнете ја ОВДЕ.