Ако имате 2 јајца, млеко и чоколадо, направете го најмекиот колач на светот…Се топи во уста и брзо се подготвува…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 јајца
1 прстофат сол
8 г ванилин шеќер
100 г шеќер
60 мл масло
70 мл млеко
140 г брашно
7 г прашок за печиво

За фил:
1 лажица какао во прав
50 г шеќер
1 лажица инстант кафе
200 мл млеко
100 г црно чоколадо
30 г путер
И уште:
1 лажичка скроб/нишесте/густин + малку вода

ПОСТАПКА:

Со жица изматете ги јајцата со шеќер и ванила, па додајте масло и млеко. Во течните состојки вмешајте го брашното помешано со прашокот за печиво, а смесата излејте ја во намастен и набрашнет калап 18х27 см.

Печете 30 минути во загреана рерна на 180 степени. Оставете да се олади.

Во тенџере измешајте ги сите состојки и растопете ги на ниска температура. Половина од смесата сипете ја врз бисквитот, а во остатокот сипете растворен густин и мешајте на рингла додека да згусне. Сварениот крем сипете го врз колачот.

Оставете да се олади во фрижидер, па посипете го со чоколадни трошки и послужете го. Постапката погледнете ја ОВДЕ.