Ако имате 1 јајце, јогурт и брашно за 5 минути можете да ги направите овие вкусни и многу меки cлатки палачинки… Многу брз и едноставен десерт на кој децата најмногу му се радуваат, а го сакаат и возрасните…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 јајце
3 лажици шеќер
8 г ванилин шеќер
3 лажици масло
125 г цврст јогурт
60 мл млеко
190 г брашно
10 г прашок за печиво
чоколадни капки/чипс/сечкано чоколадо
ПОСТАПКА:
1.Јајцето изматете го со шеќер и ванила, па соединете го со маслото, јогуртот и млекото. Додајте просеано брашно помешано со прашок за печиво и изматете да нема грутчиња. На крај вмешајте го чоколадото.
2.Смесата сипете ја во готварска кеса и истиснувајте во широка тава намастена со малку масло загреано на умерена температура.
3.Палачинките печете ги по неколку минути додека да заруменат од двете страни. Постапката погледнете ја ОВДЕ.