Ако имате 1 ЈАЈЦЕ, ЈОГУРТ И БРАШНО, направете го овој вкусен и мек десерт за 5 минути…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 јајце
1 прстофат сол
8 г ванилин шеќер
3 лажици масло
125 г цврст јогурт со вкус на ванила (или к.павлака)
80 мл млеко
180 г брашно
10 г прашок за печиво

ПОСТАПКА:

1.Со жица изматете го јајцето со прстофат сол, шеќер и ванила. Додајте масло, јогурт и млеко, па сето добро изедначете го. Потоа додајте го брашното, а на крај прашокот за печиво.

2.Мешајте додека сето да се соедини и да нема грутчиња. Смесата претурете ја во готварска кеса. Нелеплива тава загрејте на умерена температура со сосем малку масло (како за палачинки).

3.Обликувајте мини палачинки и пржете ги по неколку минути од двете страни додека убаво да заруменат. Постапката погледнете ја ОВДЕ.