Ако имате 1 јаболко и 1 јајце, направете го овој супер вкусен рецепт за 5 минути! Сочни палачинки со јаболка за 5 минути! Најбрзиот и најлесниот рецепт за појадок! Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 јаболко, 1 јајце, 2 лажици шеќер, 1 прстофат сол, 150 грама цврст јогурт или кисела павлака, 140 грама брашно, 1/2 лажичка прашок за печиво

ПОСТАПКА: Јаболкото излупете го и изрендајте го. Во посебен сад скршете го јајцето и изматете го рачно со две лажици шеќер и прстофат сол. Додајте го изренданото јаболко, цврст јогурт или кисела павлака, па сето добро промешајте го.

Во смесата додајте просеано брашно помешано со прашок за печиво, па повторно промешајте. Треба да добиете густи и влажно тесто без грутчиња од брашното. Смесата е спремна и можете да ги пржите/печете палачинките.

Во тава загрејте малку масло (една лажица) на умерена температура. Со лажица црпнете од тестото и спуштете во загреаната тава и обликувајте мали палачинки. Пржете ги по неколку минути од двете страни додека да заруменат.

Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. Следно прочитајте: „АКО ИМАТЕ ЕДНО ЈАБОЛКО И ЈАЈЦЕ, НАПРАВЕТЕ МИНИ ОВОШНИ КОРПИ: Нема да ви треба ни квасец, а се замесува за 5 минути“ – ОВДЕ.