„Дамен каприц“ е бабин колач кој порано многу често се правел за секаква свечена пригода, но и за секој ден. Се смета дека има унгарско потекло, а на нашите простори станал популарен под различни имиња, а секое од нив е поврзано со жената и нејзиниот карактер…

Како и да е, ако се сеќавате на овој колач веројатно сте пораснале со баба и најверојатно бил вашиот омилен колач. Еве што ви е потребно за негова подготовка:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За кората:
-4 жолчки
-4 лажици шеќер
-80 г (половина шолја) маст/омекнат путер/масло
-100 мл (половина шолја) млеко
-200 грама брашно
-1 полна лажичка прашок за печиво
-1 полна лажичка рендана кора од лимон

За шам:
-4 белки
-1 лажица сок од лимон
-8 лажици шеќер

И уште:
-400 г џем од кајсии
-80 г мелени ореви

ПОСТАПКА:

Просејте го брашното и измешајте со прашокот за печиво. Одделете ги белките од жолчките и ставете ги во длабок сад. Во друг длабок пенасто изматете ги жолчките со маста и шеќерот, па додајте ги млекото, ренданата кора од лимон и неколку лажици брашно, па измиксајте.

Додајте го остатокот од брашното и измиксајте. Ќе добиете густо, малку лепливо тесто, но не треба да додавате повеќе брашно за кората потоа да не биде тврда.

Калапот за печење обложете го со хартија за печење. Мојот калап е со големина од 26 цм, може да биде поголем, но никогаш помал за да не е висока кората бидејќи ќе порасне уште малку при печењето.

Тестото истурете го во калапот, на хартија за печење, распоредете го со влажна лажица и убаво израмнете го. Се става во рерна на горната решетка да се пече 10 минути на 180 степени, само да фати коричка.

За тоа време загрејте го џемот од кајсии ако е густ, за полесно да се распореди на кората. Изматете ги белките додека да се стегнат, постепено додавајќи сок од лимон и шеќер.

Матете околу 5 минути со најголема брзина. Снегот треба да е цврст и да не пшаѓа од садот кога ќе се преврти.

Извадете ја полупечената кора, премачкајте ја со џемот, посипете ја со повеќе од половина мелени ореви, а потоа нанесете го шамот од белки така што ќе го распоредете насекаде по малку, како купчиња, а не сиот наеднаш.

Бидејќи, во спротивно, при размачкувањето, мелените ореви би го „подигнале“ џемот. Така, нанесете го снегот рамномерно и потоа одозгора со лажицата само површински правете врвчиња за да добиете разбушавен изглед. Потоа посипете со остатокот од мелените ореви.

Намалете ја температурата на печење на 120 степени (рерната ми е доста јака, со вентилатор, а вие прилагодете според вашата рерна) и вратете го колачот да заврши со печењето, односно да се остави колачот полека да се исуши уште 20-30 минути.

Готов е кога снегот и оревите ќе добијат златна боја. Оставете го колачот да се излади во отворена рерна. Може да се сервира топло, така е уште повкусно, или почекајте да се излади, подобро сече.

Ова е една од оние едноставни, евтини колачи за секој ден за кои веројатно секогаш ги имате сите состојки дома.

Оригиналниот рецепт не вклучува ореви, но колачот сепак има многу подобар вкус со нив. Рецепт на Јекаго / Сооlinarika.сom. Во продолжение прочитајте уште неколку веризии на овој десерт:

Видео и пишан рецепт – ОВДЕ.
Колач „Женски темперамент“, рецепт – ОВДЕ.