Кога немате доволно време да направите некои покомплицирани колачи, а сакате нешто поубаво од неколку обични состојки, направете ги прочуените „Шварцвалд коцки“. Мек какао бисквит со вишни, прелиен со фино чоколадо и мала количина шлаг, како додаток на богатиот вкус. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 5 поголеми или 6 помали јајца, 2 чаши шеќер, 1 чаша млеко, 1 чаша јогурт, 1 чаша масло, 1 чаша млеко, 3 чаши брашно, 5 лажици какао, 10 г или една кесичка прашок за печиво, 300 – 400 грама вишни (може и замрзнати).




ЗА ГАНАШ: 200 мл слатка павлака, 150 г темно чоколадо, 1 кесичка шлаг и млеко (согласно упатството на кесичката) и неколку вишни за декорација. Како мерка се користи една чаша од 200 мл.




ПОСТАПКА: Уште од почеток вклучете ја рерната да се загрее на 170 степени, бидејќи колачот се подготвува многу брзо, за неколку минути. Јајцата, млекото и јогуртот треба да бидат отстојани минимум 1 час на собна температура пред подготовка на колачот.




Одделете ги белките од жолчките и изматете ги белките со постепено додавање на шеќерот. Шеќерот не го додавајте веднаш, туку малку изматете ги пенасто белките, па потоа постепено започнете да го додавате, додека непрекинато матите со миксерот.




Не треба многу да ја матите смесата, доволно е сѐ да се изедначи и шеќерот да почне да се топи во белките. Кога смесата доволно ќе се запени, додавајте една по една жолчка и матете со миксерот. Во соединетата смеса додајте го млекото, јогуртот и маслото, па добро соединете во хомогена смеса.




Додајте 3 чаши брашно, какаото и прашокот за печиво, па соединете ја смесата со миксер, додека сувите состојки да се измешаат во течните и смесата да нема грутки. Истурете ја целата смеса во плех обложен со хартија за печење со димензии 35×25 см.




Израмнета ја смесата со шпатула, па пред да ставите на печење, плехот малку протресете го од рамна површина, додека да се ослободат вишокот гасови. Врз смесата наредете ги вишните, ќе ви бидат потребни околу 300-400 грама за одозгора.

Земете шпатула и нежно потопете ги вишните во смесата за колачот, па потоа ставете го на печење. Приближно е потребно околу 1 час додека да се испече вкусниот пандишпан на умерена температура (170-180 степени). По изминатото време, испечениот колач изладете го.

ЗА ГАНАШ: Загрејте ја слатката павлака додека да биде топла, па во неа додајте го течното чоколадо, почекајте малку да се растопи и измешајте. Добиениот ганаш премачкајте го преку колачот, само одозгора и оставете го да се стегне (може во фрижидер).

Потоа, колачот се сече на коцки и на секоја коцка со помош на готварски шприц се става по малку шлаг на средина. Врз шлагот по желба ставете една вишна и послужете со шолја кафе. Ова е еден старински колач кој со децении е обожуван. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.