Д-р Виктор Владиленович Картавенко, доктор по медицина за рехабилитација, специјалист со 40-годишно искуство во медицината, го споделува со вас своето искуство во областа на здравјето, медицината, имунитетот, традиционалната медицина и медицината на иднината.
Тој особено ја применува рефлексологијата како еден од начините за третман, а како на едноставен начин може да се ублажат болките во коленото или во ногата (поради приклештен нерв), тој објаснува во своето видео кое можете да го погледнете на линкот подолу во текстот.
„Ве болат колената и се прашувате „што да правам?“ Не можете да ги свиткате, отечени се, крцкаат и болат при секое движење, ги чувствувате вкочанети…
Воспалението на зглобот на коленото е едно од водечките денес. И веќе денес ортопедите, за жал, и трауматолозите наведуваат голем број на спонтани, сè уште не започнати, есенски фрактури.
Зошто велам „сè уште не започнати“? Бидејќи нашите колеги – ортопеди и трауматолозите забележуваат голем број на фрактури на долните екстремитети, зглобови на колкот, коленски зглобови, глуждови, на типични места за скршеници…токму во есенскиот период.
Со што е поврзано? Ова се должи на фактот дека се јавува меѓусезонска остеопороза.
Меѓусезонската остеопороза се карактеризира со фактот дека телото во системот за детоксикација на црниот дроб, во системот на неговите капацитети за варење од гастроинтестиналниот тракт, нема доволно ензими да ги разработи оние микроелементи што ние, за жал, ги губиме во есенскиот период по завршувањето на летото.
И така, како можеме да си помогнеме во овој случај? Како можеме да ги ублажиме болестите и болките во област на коленото? Пред сè затоа што денес е една од најитните проблеми.
Во раните 80-ти – познатиот германски физиотерапевт Професор Клаус објасни и покажа техника која беше користена од него и неговите колеги во случај на болка во зглобовите на коленото.
Професорот Клаус за таа намена користеше една мала десертна лажица, претходно отстојана во замрзнувач.
Значи, поставете ја лажицата со вдлабнатата страна врз зглобот на третиот прст од раката, сè додека да се загрее. Вас ве боли коленото, па сигурно се прашувате зошто да го ладиме зглобот на прстот на раката?
Зглобовите на третиот и домалиот прст кога ќе се превиткаат се анатомски и физиолошки проекции на зглобовите на колената, во рефлексологијата.
Прочитајте: „Д-р Андреа: Ослободете се од болката од артритис на коленото! 20 едноставни домашни вежби“ – ОВДЕ.
Како што објаснија на времето германските доктори, дека состојбата на ишиатичните нерви игра водечка улога во проблемите на страдањето од зглобовите на колкот, па така, и озлогласената Бејкерова хернија е исто поврзана со проблемите на растечката спондилоза во лумбосакрален регион.
Дека Бејкеровата хернија под коленото е јасна илустрација за она што се случува во органите на малата карлица е проекција за тоа како се однесуваат големите и малите лумбални мускули, а дијагнозата на Бејкеровата болест укажува на тоа дека е формирана или се формира тенденција за пролапс на желудникот, за пролапс на внатрешните органи.
Значи, за ишиатични нерви: повторно, замрзнуваме лажица, отворете ја дланката со испружени прсти и започнете да ја движите лажицата од коренот на прстите (средниот и домалиот) кон врвот (излезната точка на ишиатичниот нерв од карличните коски). Ова треба многу да помогне при постоење на болка. Целото видео со докторот можете да го погледнете ОВДЕ.