АЧМА ЃЕВРЕЧИЊА – НАЈЛЕСНИОТ МЕТОД ШТО ЌЕ ВЕ ОСВОИ
Меки однатре, крцкави однадвор и совршено слоевити
Дали и вие со години мислевте дека вистинските ачма ѓевречиња се тешки и комплицирани за подготовка? Овој иновативен и поедноставен метод ќе ве разубеди уште од првиот обид.
Без мака, без напор – а резултатот е импресивен: воздушести, меки и слоевити погачи што се кинат на влакна. Рецепт што успева секому и брзо станува омилен во секој дом, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
❗НЕВЕРОЈАТНО ЛЕСНИ❗ Ачма ѓевречиња што се кинат на влакна – рецепт што мора да го пробате 🥐✨
Потребни состојки
За тестото:
• 450 мл вода
• 10 г сува квасец
• 2 лажици шеќер
• 1 лажичка сол
• 600 г брашно (5½ – 6 чаши)
• 50 г путер
За премачкување на кори:
• 100 г путер
• 1 чајна чаша масло (100 мл)
За премачкување пред печење:
• 1 жолчка
• 1 лажичка млеко
• НМД
Откријте го најлесниот рецепт за ачма ѓевречиња – меки, слоевити и неверојатно вкусни. Идеален рецепт што успева секому!


Начин на подготовка
1. Во длабок сад сипете ја млаката вода, додајте го сувиот квасец и шеќерот. Измешајте и оставете неколку минути да се активира квасецот.
2. Додајте ја солта и постепено додавајте брашно, мешајќи додека да добиете меко и еластично тесто.
3. Во тестото додајте 50 г путер и месете додека целосно да се впие и тестото да стане мазно и нелепливо.
4. Соберете го тестото, покријте го и оставете кратко да одмори.
5. Поделете го тестото на 10 еднакви делови и формирајте топчиња. Оставете ги да одморат 10 минути.
6. Секое топче развлечете го во тенка кора со големина на плитка чинија.
7. Измешајте го растопениот путер со маслото и со оваа смеса премачкувајте ја секоја кора.
8. Наредете ги сите кори една врз друга, покријте ги со кеса и оставете ги да одморат 30 минути.
9. Потоа, внимателно развлечете ја целата наслагана кора уште малку.
10. Исечете ленти со дебелина од околу два прста.
11. Секоја лента растегнете ја нежно притоскајќи ја со прстите, преклопете ја на половина, свртете ја спирално во спротивна насока и спојте ги краевите за да добиете облик на ѓеврече.
12. Наредете ги ѓевречињата во плех обложен со хартија за печење и оставете ги да стасуваат уште 30 минути за убаво да го зголемат волуменот.
13. Премачкајте ги со мешавина од жолчка и млеко.
14. Печете во загреана рерна на 180 °C, додека да добијат убава златножолта боја.
Резултат
Неверојатно вкусни ѓевречиња-погачиња – крцкави однадвор, а однатре меки и воздушести како памук. Совршени за појадок, вечера или свечена трпеза. Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:





































