Бадник го најавува големиот христијански празник Божиќ. Тој ден внесуваме бадниково гранче во нашите домови, а семејството се собира на посна вечера. Многу обичаи за Бадник се паганcки, а црквата подоцна им дала христијанско обележје.
Обичаите околу Бадник ги наследивме од своите предци и уште ги одржуваме. Ова се некои од верувањата кои останале до денес: -На бадник треба да се јаде афион, бидејќи се верува дека ќе им донесе многу пари на оние кои го јадат.
-Оние кои во текот на годината се cкарале со некој, на Бадник си простуваат и се смиpyваат, а тоа е вистинскиот дух на традицијата. На Божиќ човек не треба да се o пие бидејќи се смета дека ќе биде пиjaн цела година.
-За Бадник се кршат ореви за да се види каква ни е среќата, здравјето, а кога се скршат се фрлаат по ќошињата на собите, за да кокошката изведе многу пилиња, а ако се фрлаат цели ореви, тогаш јајцето ќе биде pacипано.
Бадник името го добил по гранка од даб – бадник која се сече на тој ден, се внесува дома и се пали. Постојат разни обичаи кои се поврзуваат за овој ден, малку од нив се одржале до денес.
Можеби во некои зафрлени делови домаќините се уште во рана зора одат да сечат бадник, кој потоа до вечерта го чуваат покрај куќата, пред да го внесат и стават на огништето.
Денес обичаите се прилагодени на времето во кое живееме, па бадникот најчесто се купува на пазар навечер или на самото утро на Божиќ, се носи дома и се става покрај икона.
Трпезата на Бадник е исклучиво посна и најчесто се подготвуваат риба, подварок или грав, со салата од зелка или компир. Во некои краеви на Балканот пак, за ручек се пие и чаша црно вино со семе од дрен, за среќа и радост во текот на цела година.
Средината на масата, традиционално се украсува со плетена кошница полна со житарици и сушено овошје. Обичајот за сечењето на бадното лепче се поврзува со витлеемските пастири. Тие, на знакот на Ѕвездата дека се родил Исус Христос Спасителот, насекле гранки од бадник и ги однеле во пештерата да запалат оган и да го стоплат бебето Исус и неговата мајка.