Рецепт на Ристиќ Наташа. Според овој рецепт „Пијан крап“ традиционално го подготвувам за мојата посна слава. Рибата е превкусна, сочна, а се пече во рерна и се прелива со еден многу убав сос од лимон. Во зависност од големината на рибите, се прилагодува и времетраењето на печењето. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: риба крап (моите парчиња се 2,2 и 2,5 кг), мешавина од вода и оцет (1:1) за миење на рибата, 1 главица лук, 1 голема китка свеж магдонос, 1 лажичка ситно сечкан рузмарин, сол, сок од 2 лимони, бело вино (вкупно околу 1 литар), маслиново масло, лимон за сервирање
ПОСТАПКА: Најпрво се мие исчистената риба во мешавина од оцет и вода, бидејќи на тој начин се отстранува слузта, односно оние лигави материи што ги има секоја риба. Потоа исперете ја уште еднаш под млаз ладна вода.
Направете засеци во рибата, не премногу длабоки но сепак доволно длабоки за да може во нив на се стави од приготвениот фил. ЗА ФИЛ: направете мешавина од ситно сечкан лук (потребна е цела главица), ситно сечкана голема китка свеж магдонос и една мала лажичка ситно сечкан рузмарин.
Со оваа мешавина наполнети ги засеците, но и внатрешноста на рибата. Посолете ја рибата уабаво по вкус, а потоа прелијте ја со исцеден сок од два лимони. Вака мариниран крапот оставете го да отстои половина час.
После половина час прелијте го со маслиново масло и со бело вино. Повторно оставете го да отстои во фрижидер следните два часа, за да се соединат и измешаат сите вкусови и убаво да навлезат во месото на крапот.
Во текот на овие два часа, повремено превртувајте ја рибата за да ги прими соковите рамномерно и до горната, но и од долната страна. Вака маринираната риба е спремна за печење, па вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени.
Ставете ги да се печат во загреаната рерна, без фолија. Доколку парчињата се поголеми, на пример од 4-5 кг, тогаш ставете фолија на почетокот, а после 45 минути извадете ја и допечете ја рибата без фолија.
Моите крапови од 2,5 кг се печеа околу 1,5 час, но како што споменав погоре, времетраењето на печењето може да зависи од големината на рибите, но и од самата рерна. Во текот на печењето потребно е постојано да се прелива со течноста од плехот, т.е. виното.
Повремено долевав ново вино, кога ќе забележав дека течноста испарила (не смее плехот да се остави сув), па вкупно ми беше потребно 1 литар бело вино. Крапот сервирајте го со парчиња лимон и варен компир на пример или прилог по ваш вкус. Рецепт и фото на Ристиќ Наташа.