Вака правилно се слави куќната слава, според традицијата и обичаите – не нанесувајте грев на куќата и домаќинството, туку прочистете го и ocветете го. Правилата за славење се воспоставени одамна, но луѓето со текот на години ги имаат изменето и во голема мера расипано.




Пред едно од најголемите празнувања, Свети Никола, да се потсетиме на сите православни обичаи поврзани со славата. За жал, со текот на времето обичаите целосно се променија, па има многу заблуди и се празнува на погрешен начин, па добро би било да се почне од самиот почеток и да се потсетиме како се празнува славата според црковните и традиционалните обичаи.




КАКО СЕ ВОВЕДУВА КУЌНА СЛАВА ВО ЕДНО СЕМЕЈСТВО?

Славата е заштитник на домашното огниште и помошник во секоја работа, голем Божји благослов и заштитник на сите членови на домаќинството, особено на децата. Вообичаено е куќната слава да се пренесува од колено на колено, од татко на син, а ќерките ја преземаат славата од сопругот.

Врз основа на оваа долга традиција, лесно било да се заклучи кои семејства потекнуваат од ист предок. Ако слават иста слава, тогаш се од ист предок; но семејствата се иселувале со текот на времето и со раселувањето се одалечиле од своите предци и обичаи.




Ако синовите се венчаат и останат во татковата куќа, тогаш сите заедно продолжуваат да го слават истиот светец. Меѓутоа, ако еден син го основа своето семејство во друга куќа, тој треба да има своја слава во својот нов дом.

Денес младите сè помалку имаат куќни слави и само малкумина ги преземаат обврските околу подготовката на слава и продолжување на семејната традиција. Па затоа, поскоро тие одат да ја прослават славата кај своите родители, отколку во својот дом.




Ваквите куќни слави опстојуваат додека се живи нивните родители, а после тоа помладите обично повеќе не слават. Меѓутоа, има и доста што ја продолжуваат традицијата и татковата, куќна слава ја прославуваат во своите домови.

Како се презема славата од таткото?

Славата е заштитник на домашното огниште и помошник во секоја работа, голем Божји благослов и заштитник на сите членови на домаќинството, особено на децата. Затоа на сите млади кои основаат свои семејства им се советува да ја земат славата од својот татко или да си изберат свој светец кој ќе биде значаен заштитник на новото семејство.




Во првите години по основањето на сопственото семејство, синот доаѓа на славата од својот татко. Кога ќе се исече колачот, таткото му подава на синот четвртина од колачот, се бакнуваат, си ја честитаат славата.

Потоа таткото му посакува на синот да ја слави куќната слава со сопругата и децата долго време во здравје и бериќет. Синот носи дел од колачот дома, го дели со семејството, а следната година почнува редовно да го слави својот светец во својот нов дом.




Подготовки за славата

Неколку дена пред празнувањето започнуваат подготовките во домот, за да може што посвечено да се прослави светецот. Куќата се средува и чисти, семејството купува нова облека, особено за децата, за тој ден да се „подноват“. Куќата треба да има празнична атмосфера и весело расположение.




Ocветување на водата

Ocветувањето на водата го врши парохискиот свештеник, а за оваа прилика домаќинката подготвува сад со вода, букет босилек, мала свеќа, кандилце со брикети и темјан и список со имињата на членовите од семејството. Сето ова е поставено на маса во просторијата каде што се наоѓа иконата.




Добро би било при осветувањето на водата да бидат присутни сите членови од домаќинството и тоа е причината што попот доаѓа порано. Кога ќе се ocвети водата, сите домаќини треба да се напијат по малку од неа, а остатокот се користи за правење на славскиот колач.




Што треба да се подготви за слава?

Најважно е да се подготви славскиот колач, пченицата, свеќите и црвено вино за прославата. Заблудата е дека славата значи голем и свечен ручек. Се подготвуваат овие задолжителни 4 работи, а сè останато е прашање на избор, можности и желби.




СЛАВСКИ КОЛАЧ ИЛИ ПОГАЧА

Ден пред празнувањето, домаќинката замесува колач од чисто пченично брашно, на кое пред празнувањето се додава малку Богојавленска и осветена вода. Колачот е украсен со разни украси од едноставно тесто (брашно и вода). Во централниот дел треба да има украс со симболот ISHS (Исус Христос победyва).

Славскиот колач всушност го симболизира Христос, кој е лебот на животот, а виното со кое се прелива колачот за време на ocветувањето ја означува Христовата kpв, која течела од неговите paни. Веднаш по ocветувањето, семејството зема парче од колачот, а потоа го сече и ги послужува другите гости со ручек.