Пишува Александра:

Дали сте и вие од оние луѓе што ги одложуваат сите обврски или често не го довршуваат започнатото? Негде прочитав дека од психолошко гледиште ова е симптом кој не треба да се занемарува. Морам да признаам дека и јас бев таква личност до скоро и уверено можам да кажам дека повеќе не сум таква.




Ах не.. Не завршив сè што ми „падна“ на ум, но се помирив со фактот дека денот има 24 часа, дека сум мајка, дека не живеам сама на овој свет и дека понекогаш имам обврски кои не се по мој избор.

И повторно некаде прочитав дека од психолошко гледиште барањето изговор за незавршување на започнатите обврски е симптом кој не треба да се занемарува. Причината поради која некогаш се чувствував како постојано да доцнам во остварување на некои планови е тоа што моите желби „цветаат“ како цвеќе под константна вода и топлина.




И тоа цвеќе да е цела грмушка од цвеќиња никогаш не престанува да расте, иако понекогаш по некој цвет ќе го снема (метафорички кажано, ќе завршам по една обврска, но повеќето обврски остануваат недовршени).

Имав чувство како фризурата да ми го правеше ова бидејќи до пред некое време ми создаваше товар на глава. Признавам дека знам дека секој човек треба да се предизивикува кон нови работи, да си поставува цели кои не се на дофат на рацете бидејќи на тој начин растеме и созреваме.




Вистина е дека многу планови сè уште ги немам остварено, многу книги немам прочитано, многу рецепти немам направено… Ни германскиот уште не го научив како што треба, но тоа е така бидејќи секој ден планирам нешто дополнително, а обврските се натрупуваат.

На списокот за кои книги имам во план да ги читам постојано додавам нови, на списокот за рецепти секогаш пишувам нешто ново и секој ден барам нови работи кои сакам да ги научам.




Морам да признаам дека понекогаш ми се случува да избришам некој план од списокот поради тоа што веќе не ми е важно да го остварам, а ниту ми е интересно. Понекогаш треба да си дадеме право на себеси да ги „напуштиме“ некои работи, обврски ако не ни одат од рака.




Го знаете она чувство кога едноставно нешто не ни оди и само се ма-чиме? Признавам, тешко е да се напушти некој план или обврска и да не се чувствува ви-на поради тоа. Ако сепак вие заборавите на тоа, секогаш ќе има некој кој ќе ве потсети и ќе се ната-жите.




Пред некоја година на сестра ми и порачав како роденденски подарок книга за историјата на уметноста. Таму наидов на една фотографија од делата на Микеланџело која се викаше „Poб кој се буди“.




Не бев толку импресионирана од таа статуа колку што зборувам за неа. Микеланџело го напуштил својот „poб кој се буди“, бидејќи каменот со кој што работел не „соработувал“ со него. Така барем пишуваше во книгата.




Други извори сепак кажуваат дека тој не бил задоволен со тогашната работа, па ги променил своите планови и едноставно не ја довршил статуата. На крајот сепак тој не можел да ја заврши статуата, па се откажал од создавање на тоа дело.




Тогаш што е работата со нас? Зарем ние мораме да завршиме сè што не ни оди од раце по секоја цена? Од ова заклучив дека не мораме. Посебно не мораме да завршиме ако не сме задоволни од досегашните резултати, а ниту треба да пробуваме нешто што мислиме дека не сме доволно добри за тоа.




„Кога можел Микеланџело, можам и јас!“ На овој начин се ocлободив од сите товари и незавршени планови. П.С. Иако сум сигурна од пcиxoлошки аспект дека не е добро да си ја замислам гореспоменатата фризура, подоцна помислив само како би изгледала на Микеланџело“, се пошегува Александра на нејзиниот блог ОВДЕ.