Поплави, пожари, земјотреси, суши и останати елементарни непогоди и други неcpеќи се сè позачестени, како во Македонија, така и во регионот и во светот. Со порастот на бројот и интензитетот на овие појави, расте и висината на средствата неопходни за санација на нивните последици.




За жал, расте и бројот на оние последици кои не можат да се санираат, ниту да се ублажат. Елементарните непогоди кои ги загрозуваат човековите животи, животната средина и предизвикуваат значителна материјална штета може да се случат каде било и во кое било време, најчесто ненадејно и без претходно предупредување.




Во такви ситуации, луѓето обично паничат, пред сè затоа што не знаат што треба да направат во тие моменти. Ако добро сте информирани и запознати со превентивните мерки за адекватна реакција во случај на пожар, можете многу да направите во намалување на несаканите последици.




ПОЖАР. Пожарите претставуваат неконтролиран процес на согорување, па со самото тоа и голема опаcност од која освен материјални добра, за жал, неретко cтpадаат и човечки животи.




Најчести причини за појава на пожар се: пламен, вжарени предмети, екcплозија, кварови на електрични инсталации, статички електрицитет, гром и молња, како и топлина предизвикана од тpиење, притисок, yдар и слично.




ШУМСКИ ПОЖАРИ. Шумските пожари може да се дефинираат како неконтролирано стихијно движење на огнот по шумската површина. Го карактеризираат многу брзо ширење и нагли промени на правецот под влијание на временските пригоди.




КОГА НАЈЧЕСТО СЕ СЛУЧУВААТ ШУМСКИ ПОЖАРИ. Статистиката говори дека најкритични се летните месеци (јули-септември). Пожарите главно избиваат дење, во време кога човекот е најактивен, во периодот од 10 до 18 часот.




Гасењето на шумските пожари е активност која бара голем ангажман на луѓе и средства. Во минатото, противпожарните служби со слабите водени пумпи со мал притисок и проток, само немоќно го гледале дивеењето на огнените стихии во надеж дека нема да се доближи до некое населено место, пишува НМД.мк




Денес противпожарните екипи се многу помобилни и технички подобро опремени, така што брзо можат да доспеат до местото на пожарот. Во таа смисла, револуционерен е придонесот на напредокот на авијацијата, бидејќи гасењето на шумските пожари со специјализирани авиони и хеликоптери значително ја има напреднато ефикасноста со справувањето на шумските пожари.




КАКО НАСТАНУВААТ ШУМСКИТЕ ПОЖАРИ. Статистиката покажува дека 65% од пожарите се причина од невнимание. Луѓето ги предизвикуваат пожарите намерно или ненамерно, а само многу мал процент е причинет од громови.




Пожарите може да бидат случајни (краток спој, прегреана машина, искри од машината); ненамерно палење (фрлање на отпушоци, излетнички огнови и палење на ниви без соодветна контрола); намерно подметнување, што во последно време е најчеста причина.

ДОКОЛКУ СЕ НАЈДЕТЕ СРЕД ПОЖАР НА ОТВОРЕНО. Во зависнот од вашата моментна положба и интензитетот на пожарот во кој сте се нашле: пронајдете безбеден начин да се одалечите од пожарот, песочен, асфалтен пат, како и водоток, кои се побезбедни рути за движење со кои ќе спречите да бидете заpобени од пламен.

Легнете на површина без вегетација која би можела да биде зафатена од пожар. Димот се движи нагоре, така што во таа позиција ќе се заштитите од штетните гасови. Но, доколку сте во позиција каде немате избор, прескокнете преку огнот, онаму каде е најтенок и најмал. На овој начин постапете, само кога немате друг избор.

Ако сте на минување со автомобил, никако не застанувајте, зошто би можеле да ги попречите спасувачките екипи и комуникацијата која е од суштинско значење за заштита и спас во случај на пожар, пишува НМД.мк

АКО ПОЖАРОТ НАБЛИЖУВА КОН ВАШАТА КУЌА. Останете прибрани и не паничете. Сите запаливи материи кои се во близина на куќата тргнете ги во затворена и заштитена просторија за да не дојде до дополнително ширење на пожарот.

Затворете ги сите доводи за гас или гориво во близина на објектот. Обезбедете слободен приод за противпожарното возило. Запалете ги светлата внатре и надвор за да се зголеми видливоста доколку се зголеми присуството на чад.

NMD.mk