Поголемиот дел од луѓето барем еднаш во животот почувствувале проблем со подуеност во стомакот. Подуеноста се дефинира како чувство на исполнет стомакот кој како да е под притисок.
Причини за подуеност
Најчестата причина за подуеност се гасовите кои се насобираат во одреден дел од дигестивниот тракт, особено непосредно по оброците. Стомакот изгледа поголем отколку вообичаено, можни се послаби и малку посилни б олки, силно чувство на непријатност, но и зачестени подригнувања.
За подуеноста, причина може да биде исто така насобирањето на вода во одредени делови од стомакот, но и прејадувањето, односно насобирањето на цврст материјал во краток временски интервал.
Подуеноста често е случај и заради запек, газирани сокови, неправилна исхрана, киселини во желудникот, целијакија, голтање воздух (особено кај бебињата) итн.
„Ќе ви ја претставам според мене една од најдобрите салати кои мене ми помогна да се оcлободам од вишок килограми, вишок течности и подуеност на стомакот”, вели Катерина на нејзиниот канал „Врата кон здравјето”.
Доколку планирате да ја јадете оваа салата, важно е да знаете дека најдобро е да останете дома неколку часови, односно да не излегувате никаде, бидејќи за кратко време ќе почне да делува и ќе ви ги испразни цревата.
Салатата од праз се приготвува како и секоја друга салата, се додава само малку сол и јаболкова киселина (или обична) по вкус. Јаболковата киселина е најдобра, бидејќи и таа го потпомага топењето на вишокот килограми.
Салатата од праз не е добра само за дигестијата, празнење на црева и исфрлање на вишок течности од телото, туку исто така, е добра за здравјето на срцето.
Празот содржи многу фолати за кои е познато дека го одржуваат нивото на хомоцистеинот во рамнотежа, а ова е еден од значајните ризик фактори кога станува збор за срцеви болести.
Покрај фолати, празот содржи и алицин кој исклучително благотворно делува на целокупниот дигестивен тракт.
Празот потекнува од Европа и Западна Азија а се одгледува ширум светот, а се користи за приготвување на различни специјалитети. Во споредба со другите зеленчуци од истата фамилија, има слаткаст вкус и мирис.
Освен што масовно се користи во кулинарството, празот е познат и по своите лековити состојки. На нашето поднебје јадењата со праз се доста застапени, а со оглед на наговите бројни својства, можеби и не доволно.
Празот исто така е богат со витаминот К, етерични масла, соединенија на сулфур кои благотворно делуваат на системот за варење.
Има антибактериски, антивирусни и антигабични дејства, а покрај другото го намалува нивото на лошиот холестерол како и кpвниот притисок. Покрај другото, го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести, па дури и од мозочен yдар.
Празот обилува и со целулоза која го стимулира празнењето на цревата. Листовите на оваа билка содржат пиридоксин, фолна киселина, ниацин, рибофлавин и тиамин, а покрај тоа и витамини А, К, Ц ккао и минералите железо, бакар и цинк.
Доколку се прашувате дали празот содржи калории, тогаш еве ја добрата вест: во 100 г свеж праз се содржатсамо 60 калории. Во истата содржина се содржат 55% од вкупната дневна потреба од витаминот К.
Исто така, празот е извонреден антиоксидант и извор на нерастворливи и растворливи влакна. Медицинските истражувања покажале дека празот како лек помага во случај на алергија, анемија, атеросклероза, бронхитис, дебелина, губиток на апетит, депресија, еpектилна дисфункција, кашлица, настинка и грип.
Може да им помогне и на лица кои имаат проблем со црниот дроб и штитната жлезда. Празот е лек и за нашето срце и за целокупниот кардиоваскуларен систем.
Токму затоа што содржи значителна количина од кемперферол, драгоцен природен флавоноид, голем број студии покажале дека токму оваа состојка ги штити кpвните садови од разни оштетyвања, па дури и оние настанати од претераното дејство на слободните радикали.
Исто така поттикнува производство на азотоксид, гас кој помага во ширење и опуштање на кpвните садови. Го намалува производството на диметиларгинин, супстанција која го блокира производството на азотен оксид.
Празот како лек благотворно делува на целиот кардиоваскуларен систем, бидејќи исто така содржи фолати кои помагаат во одржување на рамнотежата на хомоцистеинот. Покрај тоа содржи голема количина полифеноли, антиоксиданси кои ги штитат крвните садови од оксидативни оштетyвања, па така, помага и во спречување на појава на pак на желудник и дебело црево.
Кој не смее да го консумира празот: Лица со бубрежни проблеми, бидејќи празот содржи оксалати, супстанции кои се таложат, кристализираат и доведуваат до појава на камен во бубрег.
Оксалатите исто така ја спречуваат апсорпцијата на калциумот во организмот, но доколку дигестивниот тракт ви е здрав, а храната долго ја џвакате, тогаш овие оксалати нема да можат да ја попречат апсорпцијата на калциумот. Повеќе можете да слушнете во видеото ОВДЕ.
Коментар на Дејан Васиќ: За надуеност исклучиво користам јаболкова киселина, особено кога ќе се најадам грав. Разблажувам јаболкова киселина со вода и после половина час се чувствува олеснување. Рецепт за освежителна салата со праз прочитајте ОВДЕ.