Багрем (Robinia pseudoacacia) е уште познат како акација. Потекнува од југоисточниот дел на Америка, но брзо се проширил низ целиот свет. Во Европа „пристигнал“ во 1601 година, а ботаничарот Карл Линеус го дал името на оваа билка.
Багремот може да израсне до 25 м, а стеблото може да има дијаметар и до 90 цм. Најголемата висина на дрвото се достигнува околу четириесетата година, а растението може да живее и до 200 години.
Стеблото на багремот е многу отпорно на разните надворешни влијанија. Младото стебло е лесно кршливо, а во понапредните години станува поиздржливо. За разлика од стеблото, гранките на багремот се повеќе кршливи и осетливи на силен ветар и снег.
Листовите може да бидат долги од 20 – 30 цм, на кои се обраснати 9-17 јајцевидни ливчиња. Цветовите се бели и имаат прекрасен мирис кои формираат грозд. Цветовите растат во средина на мај и почетокот на јуни во зависност од надморската височина на дрвото.
Кај нас багремот е самоникнато растение, но најчесто се засадува и во градините поради прекрасниот мирис на цветот. Сепак, багремот не израснува на која било почва. За да биде успешен растот на багремот, потребно е песочна и растресита земја. Багремот не поднесува влага, студенило и тешка глинеста почва.
Најчесто садниците се садат во есен. Просторот помеѓу засадените садници треба да биде 1 – 1,5 м, а просторот помеѓу редовите треба да биде 1,5 – 2 м. Првата година после садењето потребно е садницата да се прочисти од плевелот и околната трева.
После втората година, садниците треба да достигнат висина од 2 м. Доколку садницата е неуспешна, потребно е да се исече до земја, за од коренот да нарасне ново стебленце.
Семето при сеење треба да се стратифицира (да се постави во слоеви) бидејќи има цврста мембрана која го отежнува ‘ртењето. Тоа се постигнува така што семето се потопува во врела вода, трипати по 20 секунди.
Потоа треба да се исушат на собна температура и веднаш потоа да ги засадите, најдобро во песочна почва. Семето е потребно постојано да се наводнува, се до никнувањето, а потоа може да се пресади. Семето се сее на длабочина од 3 – 5 цм.
Лековити својства
Сите делови на багремот се о тровни освен цветовите. Кората е особено т оксична бидејќи содржи токсалбумин робин и токсалбумин фазин кои ги у ништуваат еритроцитите кај некои животни, особено кај коњите.
Но, цветовите содржат многу лековити својства и сосем мала количина на о тровен робинин, кој целосно исчезнува со термичка обработка и сушење. Цели гроздови од багрем се берат веднаш штом процветаат и се сушат заедно со дршката на топло и засенчено место или во рерна на 40 степени.
По сушењето, цвеќињата се одделуваат и се чуваат во картонска кутија или хартиена ќеса на суво и темно место. Луѓето го користат багремовиот цвет за лекување на настинки, грип, стомачни тегоби и грчеви во стомакот, како и за главоболки и за подобро лачење на жолчна киселина. Цветовите го намалуваат холестеролот и имаат диуретично и лаксативно дејство.
Чајот од багрем најчесто се консумира, а еве го и рецептот кој се подготвува многу едноставно:
Постапка: Прелијте 250 мл врела вода во една лажица сушен и сечкан багремов цвет, поклопете, а по 15 минути процедете го чајот и испијте го додека е сè уште топол.
Ви претставуваме руски народен лек кој е исклучително ефикасен во лекувањето на проширени вени
Постапка: Ставете 50 г сув багремов цвет во тегла и прелијте ги со половина литар вотка или 40% алкохол. Затворете ја теглата и оставете ја да отстои на темно место 3 недели. За тоа време, повремено протресувајте ја теглата. По изминатото време, процедете ја добиената течност и користете ја за подмачкување на проширените вени.
Често се користи и багремовиот сируп за лекување на кашлица
Постапка: 1 литар вода се вари заедно со 500 г шеќер додека да се добие сируп. Подготвениот сируп се прелива во сад со 150 г багремов цвет. Потоа додајте 1 лажица лимонов сок и се остава сирупот поклопен да отстои во наредните 24 часа.
По изминатото време, смесата се процедува и се додава 3 лажици ракиja. Промешајте ја добиената смеса и складирајте ја во шишиња. Се консумира по 50 мл сируп разреден со вода.
Веројатно, најпознат дериват на багремот е багремовиот мед. Медот има благ вкус, светложолта боја и убав мирис, па затоа е најценетиот мед од сите други видови мед. Бавно кристализира бидејќи во составот содржи повеќе фруктоза отколку глукоза.
Багремовиот мед се препорачува да го консумираат деца кои се болежливи, на оние кои имаат проблем со желудникот и варењето на храната, оние кои се под постојан стрес и нервоза и оние кои патат од несоница.
За лесно заспивање и квалитетен сон, се препорачува пред спиење да испиете една чаша чај од мајчина душица во комбинација со багремов мед. На пушачите им се препорачува да консумираат една лажица багремов мед веднаш по станување наутро на празен стомак.
Рецепт со багремов мед за лечење на астма, бронхитис и други респираторни болести
Потребни состојки: 1 кг домашен багремов мед, 100 г кафе, 100 г суви плодови шипка, 20 г матичен млеч.
Постапка: Ставете ги состојките во блендер и блендирајте додека да добиете хомогена смеса. Потоа распоредете ја смесата во темни шишиња и складирајте ги на темно и суво место. Консумирајте по 1 лажица од смесата половина час пред секој оброк. Забелешка: Потребно е смесата да се консумира со дрвена лажица.
Исто така, багремовиот цвет може да се додава во салати или други оброци доколку е претходно зготвен. Багремот се состои и во многу козметички креми и производи бидејќи го спречува создавањето на брчки и ја хидрира кожата.
Маска од багремов цвет
Измешајте лажичка багремов мед со јогурт во сооднос 1:1. Нанесете ја маската на лице и оставете да отстои половина час, а потоа исплакнете го лицето со чај од камилица.
Маска од багремов мед за чистење на лицето
Измешајте една лажичка багремов мед со сок од половина лимон. Маската нанесете ја на лицето, оставете да делува половина час, а потоа исплакнете со вода. Оваа маска е најдобро да ја користите навечер, пред спиење. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска