За Магрешкиот трн одамна било познато дека е лековит и бројни народи го користеле за разни здравствени тегоби. Меѓу бројните историски книги, оваа билка е спомната и во книгата l’Académie royale des sciences која била создадена по барање на француската династија која владеела се до славната револуција.
Книгата била печатена 1718 година и содржела многу важни податоци, од геометрија до ботаника. Во неа се пишувало за Епсомова сол која и ден-денес е популарна и се користи во лековити бањи. Меѓу другото се пишувало и за аналитички техники за докажување, за ракија, за магичната билка од далечниот Исток, женсен.
Во тој ботанички дел каде многумина се натпреверувале кој повеќе ќе остави свој придонес, францускиот ботаничар Sébastien Vaillant, еден од големите претходници на мајсторот Linnaeusa, ќе си допуштил ваков опис: „Од оваа билка магарињата прдат.”
Sébastien бил ерудит и не бил првиот што ова го изјавил. Истото може да се прочита и во делата на Плиниј Постариот кој прв го опишал необичното дејство на билката врз магарињата и луѓето. Значи, Римјаните уште одамна забележале дека кога магарињата ќе ја изедат оваа билка, тие прдат.
Sébastien ги соединил двата збора и направил кованица Onopordon, односно “магарешки прдеж”. Во систематиката зборот дополнително ќе се латинизира и ќе се добие Onopordum, назив за билката која ние ја нарекуваме “магрешки трн” (татарник, кравачац).
Еден можеби од најшегобијните називи во ботаниката, сепак не е толку површен колку што е длабоко научен. Билката е богата со инулин од кој доста се прди, па уште на времето, Плиниј Постариот кокетирал незнаејќи, со пребиотиците и микробиомот.
Оттогаш се поминати многу столетија за науката да го знае она што го познава денес. Од инулин водород, од водород – метан, кој се исфрла од телото како гас, кај народот познат како прдеж.
Onopordum acanthium или магарешки трн поседува лековита супстанција силимарин, инулин, флавоноиди, лигани. Во народната медицина се користи како диуретик, но и како билка за смирување.
Чајот од магарешки трн го подобрува лачењето на жолчнот сок, го штити црниот дроб од оштетување и придонесува за надминување и реконструкција на постоечките клинички промени.
Магарешки трн се пие при акутен и хроничен хепатитис, цироза на црниот дроб, оштетување на црниот дроб од токсични материи, вклучувајќи и лекови, со претходна консултација од лекар.
Го подобрува варењето, помага за одржување на нормална микрофлора во цревата и регулирање на перисталтиката, придонесува за одржување на оптималното ниво на холестеролот. Истражувањата покажуваат дека магарешкиот трн може да биде потенцијално корисен во лекувањето и превенцијата на некои видови рак, како на пример:
Рак на простата; рак на кожата; рак на јајници; рак на мочниот меур; рак на дојка; рак на грлото на матката; рак на дебелото црево; леукемија. Истражувањата на оваа неверојатна билка сè уште се во тек, но во аптеките веќе можат да се најдат бројни производи базирани на неа. Чајот на пример, се пие 3 пати во годината кога сакате.
Начин на употреба: Се зоврива 200 мл вода, се трга на страна, се става 1 китка од магарешкиот трн и се остава да стои 20-40 мин. Се вади трнот, се процедува, се остава да се излади и се пие. Начин на пиење: Се пие преку 2 дена.
Мешавина од сува билка: се става 1-2 лажички од билката во 200 мл зовриена вода, да отстои поклопено 15-20 минути. Се процедува и се пие во голтки, половина час пред оброк, трипати дневно, во времетраење од еден месец. Потоа се прави пауза. Третманот може да се повтори 2-3 пати во годината.
НАПОМЕНА: Податоците во овој текст имаат информативен карактер и не се замена за лекарски совет. Доколку имате какво било заболување, пред примена задолжително да се консултирате со вашиот лекар.