Отечените жлезди може да имаат повеќе причинители и се појавуваат на различни делови од телото. Во зависност од појавниот облик на отокот, прво е неопходно да се утврди на кој вид припаѓа, па затоа е најдобро да се јавите на лекар за правилно и точно дијагностицирање, а потоа да се пристапи кон лекување.
Секако, изборот на секој пациент е дали ќе се лекува првенствено со медикаменти, лекот ќе го бара во рамките на народната медицина или ќе пристапи кон комбинирано лекување.
Растителниот свет од памтивек е основа за човековото здравје. Историјата има запишано бројни рецепти кои денес се користат за лекување на различни тегоби. За бројни од нив е билкарот Садик Садиковиќ кој живеел и творел пред повеќе од еден век.
“Познавањето на болестите не е лесна работа, за тоа не е потребно да се знаат нивните надворешни знаци, туку потребно е да се познава и душата на болниот” – говорел Садик.
Отечените желзди и надворешните отоци и красти се лекуваат со овој лек:
Се приготвува чај на следниот начин: Се зема 2-6 г свеж (Calendula arvensis) невен лист и цвет, па се вари во еден литар млеко толку долго додека да испари половината. Се процедува, а од овој чај се пие двапати дневно по една мала чаша (100 мл).
За надворешна болест се употребува свежо исцеден сок од невен помешан со свеж несолен путер. На 30 г путер се додава до 6 г сок. Вака приготвениот намаз се нанесува како облога трипати дневно.
За лекување на повреди може да се користи свежо исцеден сок или сомелена билка како облога. Раните многу побрзо исцелуваат без воспаленија – вели Садик во неговата книга Народно здравје.