Чаевите за нервоза од смирувачки билки многу помагаат во стресни состојби. Шолја чај од камилица, валеријана, липа или цвет од каранфилче се пие еднаш или двапати дневно.
Пред спиење испијте чај од хибискус или камилица, за подобро варење и поттикнување на метаболизмот одличен е зелениот и чај од нане, за утринско будење – црн чај, додека после оброк како десертен чај се препорачуваат овошните чаеви засладени со мед.
За сите чаеви за нервоза и стрес важи правилото: во шолјата прво се става сувата билка (или кесичката чај), па се прелива со врела вода и задолжително мора да се поклопи за да не изветреат етеричните масла.
Смирувачка лаванда против нервоза
Лавандата е позната како одлично средство за смирување и во свеж облик но и во вид на масло. Поради овие нејзини смирувачки својства, честопати се става во перниците, постелнината и бањите, а неколку капки масло во вашата када ќе ја направат бањата миризлива и релаксирачка.
Чај за нервоза од лаванда
Лажичка иситнета билка прелијте со 200 мл врела вода. Поклопете и оставете да отстои 15-20 минути. Чајот процедете го и пијте 2-3 шолји дневно.
Луѓето кои се под стрес и нервоза, лесно може да се разболат, а каде ќе се појави болеста зависи од самото тело, односно од органите кои се најосетливи. Најчесто на удар се гастроинтестиналниот тракт, се јавува чир, грчеви, дијареа, илеитис, колитис…
Може да дојде и до пореметување во работата на штитната жлезда, зголемен крвен притисок, инфаркт или аритмија. Сигналите се умор, болки и бодежи во главата, промени во расположението, депресија, анксиозност, пореметен сон.
Стресот се зголемува кога не можат да се исполнат поставените очекувања.
Стилот на живеење и исхраната имаат важна улога во борбата со стресот и нервозата. Неопходно е да се внесуваат доволно витамини и минерали, да се води сметка за правилен однос меѓу работата и одморот, здрав и доволно долг сон. Исто така, многу е значајно да се има пријател со кој би можеле да ги споделите проблемите.
Се препорачуваат и негување на некое долгогодишно хоби и активност кое внесува позитивно расположение кај човекот, квалитетна организација на времето и обврските. Физичката активност и техниките на релаксација може да го намалат стресот и нервозата.
Аеробните вежби како одење, трчање, пливање или возење велосипед, го подигаат нивото на одредени супстанции во мозкот кои го подобруваат расположението. Смеењето и плачењето претставуваат природни начини за носење со стресните ситуации и нервозата, бидејќи ја олабавуваат напнатоста.