За сите оние кои сакаат чоколадно кремасти торти. Вообичаено сум во дилема која торта да ја подготвам за некоја прослава или роденден, а бидејќи ми се допаѓа да биде некоја нова што досега не сум ја подготвила, овојпат се одлучив за Еурокрем тортата и не згрешив. Во продолжение ќе ви претставиме два едноставни рецепти за кремаста торта со еурокрем. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 1 пакување од 700 г готови кори за торта, 500 г еурокрем, 200 г млечно чоколадо (Милка), 500 мл слатка павлака (200+300), 1 лажичка кристален шеќер, 100 г шеќер во прав, 500 мл млеко (400+100), 2 чоколадни пудинзи, 125 г маргарин за колачи и торти, 1 пакување шарени мрвици за декорација или по желба.

![]()
![]()
![]()
![]()
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 5 јајца, 150 г шеќер, 100 г чоколадо. ЗА ВТОРАТА КОРА: 5 белки, 200 г шеќер, сок од лимон, 2 лажици брашно. ЗА ФИЛ: 1 литар млеко, 4 кесички пудинг од ванила, 250 г маргарин, 200 г шеќер во прав, 100 г печени, мелени лешници, 200 г еурокрем, 2 лажици какао, 2 кесички шлаг.

![]()
![]()
![]()
![]()
ПОСТАПКА ЗА ФИЛОТ – ПРВ РЕЦЕПТ: Сварете ги двата пудинзи со 400 мл млеко и една кафена лажичка шеќер. Во тенџере ставете го млекото, па издвојте 8 лажици од него и измешајте ги со пудинзите. Шеќерот ставете го во млекото, па кога ќе се загрее, додајте ги пудинзите и варете со постојано мешање на ниска температура, додека да ја добиете потребната конзистентност.
![]()
![]()
![]()
![]()
Посебно изматете го маргаринот со 100 г шеќер во прав, додека да се добие кремаста и еднолична смеса. Маргаринот треба да биде на собна температура неколку часа пред употреба. Кога пудингот ќе се олади постепено додавајте го изматениот маргарин и цело време матете со миксер до соединување. 200 мл изматена слатка павлака со миксер лесно измешајте ги во претходно подготвениот фил.
![]()
![]()
![]()
![]()
Првата кора натопете ја со малку млако млеко (100 мл) и премачкајте ја со омекнатиот (речиси течен) еурокрем. Потоа премачкајте го филот преку еурокремот. Истата постапка повторете ја за сите три кори. Скршете го 200 г млечното чоколадо и соединете го со 300 мл од преостанатата слатка павлака и загрејте на ниска температура со постојано мешање со жица додека да се стопи целото чоколадо.




Оставете ја смесата да се олади за да постигнете калење (калење е процес на топење на чоколадото до идеалната точка на топење, потоа намалување на температурата до идеалната точка на ладење кога ќе се формираат соодветните кристали и на крајот се зголемува до работната температура.)
![]()
![]()
![]()
![]()
Кога глазурата доволно ќе се олади, рамномерно прелијте ја врз тортата, оставајќи ги капките чоколадо малку да капнат од страните на тортата. Ставете ја тортата во замрзнувач 1 час или во фрижидер 3 часа. Изладената торта украсете ја со шарени мрвици и повторно вратете ја во фрижидер до сервирање. Совет: Најдобро е тортата да се направи 2 дена пред послужување, за да се ослободи кората и колачот да стане компактен.
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ: Шеќерот измешајте го со малку вода во тенџере на ниска температура и додајте го чоколадото. Кога убаво ќе се растопи чоколадото тргнете го од оган и додајте ги една по една жолчките постојано матејќи со миксер. На крајот додајте го цврсто изматениот снег од белки. Испечете ја кората на хартија за печење.

![]()
![]()
![]()
![]()
ЗА ВТОРАТА КОРА: Изматете ги белките со шеќерот, додајте сок од лимон и на крајот нежно измешајте го брашното. Испечете ја кората на хартија за печење. Двете кори се печат во плех од рерна, во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 15-тина минути.

ЗА ФИЛОТ: Во млекото сварете го пудингот, а во изладениот пудинг додајте маргарин изматен со шеќер во прав. Поделете го филот на два еднакви делови. Во едниот додајте половина од количината мелени лешници и белата маса на еурокремот.

Во втората половина додајте какао и темната маса од еурокремот. Редење на тортата: црна кора – бел фил – бела кора – темен фил (наросете со остатокот од лешниците). Колачот украсете го со шлаг и декорирајте по желба. / Сoolinarka.сom































