Емпанада е полнет леб или печиво печен или пржен во многу земји од јужна Европа. Името всушност значи премачкување и превиткување на тесто. Емпанадата се прави така што околу филот се превиткува тесто или колаче за леб. Полнењето може да се состои од разновидно месо, зеленчук, па дури и овошје.
Флексибилно е тоа што сите печива може да ви бидат различни, т.е. неколку да ги наполните со мелено месо, неколку со шунка и кашкавал, а некои да ги направите млечни, само со кашкавал и сирење.. Во некои може да ставите маслинки, печурки или некој намаз.
Тестото се подготвува класично, се замесува многу брзо и не се чека долго време да отстои, a се додава и 1 мала лажичка вотка. Вотката можеби изгледа како необична состојка во печивото, но има одредена цел!
Кога тестото станува тврдо, тоа е обично затоа што има премногу глутен во него. Бидејќи глутенот не се формира во ал-кохолот, можете да го одржувате тестото обработливо и нежно со замена на половина од течноста со вотка. Еве што ви е потребно за тесто:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 чаши брашно (околу 380-400 г), 1 мала лажичка сол, 1 мала лажичка масло, 1 мала лажица вотка, 1 мала лажица оцет, 1 чаша млака вода. И уште: шунка, кашкавал, кечап, мелено месо, сирење, ајвар за фил или нешто по ваш избор и масло за пржење.
ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад ставете 1 чаша вода, на собна температура. Во водата додајте 1 мала лажица сол, 1 мала лажица масло, 1 мала лажица вотка и 1 мала лажица оцет. Сите состојки измешајте ги во еднолична течна смеса, колку што можете повеќе.
Постепено започнете да го додавате брашното и истовремено да замесувате тесто. Брашно ќе ви биде потребно околу 380 г, но во зависност од количината на другите состојки, ќе знаете кога е доволно.
Потребно е да замесите фино и соединето тесто кое нема да се распаѓа, но ќе биде мазно и цврсто. Тестото замесете го во сад, па домесете го на рамна површина, па потоа вратете го во садот каде што го замесивте и покријте со проѕирна фолија.
Тестото се остава да отстои 15 минути, а за тоа време може да си исечкате состојки за филот како шунка, кашкавал (може и да го изрендате) или да испржите мелено месо. Комбинации има многу, така што овде може да експериментирате.
По отстојување на тестото, поделете го на 4 еднакви делови и формирајте ги во топчиња. Секое топче развлечете го во долга дебела лента (како за правење паста), а потоа со помош на правоаголник кој може да го измерите од лист хартија исечете парчиња.
Овие парчиња тесто (погледнете ги на сликата) можат да стојат во фрижидер и до 1 година, па да ги подготвувате во секоја прилика штом ви затребаат. Инаку, со фил се полнат на едната половина, одозгора се затвора со втората и со виљушка се „запечатуваат“ кравите. Се пржат во длабоко масло додека да поруменат од двете страни. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.