Во народната медицина, растението лази бубе, на нашите простори познато како драгољуб или латинче, е многу лековита билка. Познат е нејзиниот ефект за полесно искашлување на слузта и исфрлање на вишокот вода од телото.

Билката Лази бубе потекнува од територијата на јужноамериканскиот континент. Во 16 век, таа била донесена на европското тло, каде денес е широко распространета. Се нарекува и драгољуб, латинче.. Латинското име е Tropaeolum Majus.




Лази бубе е едногодишно тревно растение со разгранети корени кој достигнува висина до два метра. Дршката е светло зелена, месеста и мазна. Лисјата се наизменично поставени на долгите стебленца. Листовите имаат кружна форма.

Листовите се речиси тркалезни, на долги дршки, а цветовите се крупни со впечатлива жолтопортокалова боја, прошарани со цвени линии. Плодот е сув, се дели на три дела, а во секој дел има по едно семе. Цвета летно време. Се користат свежиот лист и зрелото семе.




Содржи сулфурен хетерозид гликотропеолозид и ензим мирозин под чие дејство, во присуство на вода, овој хетерозид се разложува на бензил-изотиоцијанид, кисел калиум-сулфат и гликоза. Содржи и смола, пектин, гума, танини, разни шеќери и многу витамин Ц.

Латинката одамна се користи во народната медицина. Таа е најсилните природни антибиотици, а делува и антифугално, антисептичко, антибактериско дејство, како диуретик и лаксатив. За таа цел се користат тинктура и свежо исцеден сок од билката.




Меѓу украсните, лековити и зачински билки кои се сеат заедно со зеленчукот и овошјето, спаѓа и Лази бубе, бидејќи ги заштитува другите билки на тој начин што создава фитоницидни материи кои ги yништyваат бројни микроорганизми, ги бpкаат штeтниците и предизвикувачи на болести.

Ги иcтеpyва вошките, белата мушичка и пеперугата зелкарка, па затоа е добро да се сади во овоштарници и покрај зелка. На ист начин делува како и другите билки кои имаат сулфурни хетерозиди, како што се ренот и ротквицата.




Сè повеќе се користи како витаминска салата која поради богатството од витамини треба да се јаде секојдневно или да се пие сок (10-15 г дневно), исцеден од свежи листови.

Цветовите се големи, жолти или портокалови. а некои имаат и црвени линии. Ова лековито растение расте диво покрај бреговите на реките, водотеците, мочуриштата, патиштата, но и во шумите.

Може да се одгледува и во зеленчукови градини, саксии, леи.. Има голема издржливост, толерира долги сончеви и суви периоди, па затоа не е потребно често наводнување.

Цветот и листот најмногу се користат за медицински цели. Тие се користат во свежа или сува форма, а се користи и семето. Лисјата може да се собираат во секое време, а цветовите во летните месеци – во јули и август.




Најдобро е цветовите да се собериаат во раните утрински часови. Семето се собира на есен, веднаш штом ќе созрее. Зрелото овошје може да има горчлив вкус. Лази бубето е општо познат како украсно растение, но исто така е и многу лековито.

Имено, тоа е вистинска ризница на витамини Ц, Б1, Б2, Б3, а содржи и изобилство на минерали железо, фосфор, манган и калциум. Комбинираното дејство на овие витамини и минерали помага во бор-бата против разни заболувања.

Може да се користи како зачин и се користи во исхраната, сите делови на растението се лековити. Тие се користат и за правење лековити чаеви и тинктури, а може да се користат и при подготовка на препарати за надворешна употреба.

Покрај тоа што позитивно влијае на здравјето, ова цвеќе е од голема корист и за градинарите. Чајот ги одбива паразитите и растителните вошки, со што ги штити растителните култури од оштетyвање.




Освен што од него се подготвува лековит чај, Лази бубето може да се користи и во редовна исхрана. Цветовите, пупките и лисјата имаат малку поостар вкус и мирис, но може да се додадат во помали количини како зачини.

Кога ситно ќе ги исечкате цвеќињата, помешајте ги со меко младо сирење. Цветовите се многу повеќе од украс, тие се јадат и добро одат со ориз, сè што треба да направите е да ги исечете ситно, многумина ги користат и како додаток во салата заедно со маслиново масло. Семето има пријатен, зачински вкус. Можат да се користат како замена за црвениот пипер, бидејќи имаат малку пиперест вкус.




Го штити мочниот меур и уринарниот тракт

Оваа билка како лек е неприкосновена кога станува збор за превенција, но и за ублажување на проблемите поврзани со уринарниот тракт. Се покажало дека е најдобриот третман за воспаление на мочниот меур.

Чајот од лисјата на Лази бубето има и диуретично дејство и го отстранува вишокот вода од телото. Вишокот течност може да предизвика оток, но и други заболувања, како што се хипертензија и артритис.

Благодарение на високите дози на витамин Ц, лази бубето го зајакнува организмот и му помага да се бopи против разни болести. Особено е ефикасно кога станува збор за лекување на pecпираторни заболувања.

Дејствува како експекторанс, што значи дека ја paзбива насобраната слуз во белите дробови и го олecнyва дишeњетo. Затоа, чајот или тинктурата од лази бубе особено се препорачува во случај на бактериски и вирусни инфекции.




Во народната медицина се користи за болести на бубрези, уринарни патишта, болести на косата и темето на главата, црниот дроб и жолчката.. Најчесто се сади заедно со друг зеленчук или овошје, бидејќи ги штити другите билки од разни болести.

Оваа билка порано многу се користела во исхраната, но во последно време е подзаборавена, иако е многу похранлива од компирот. Кај народот најчесто се приготвуваат тинктури против опаѓање на косата, оние што знаат сè уште ја користат во разни салати и јадења, за приготвување облоги и лекување на разни кожни заболувања, очни заболувања.

Лази бубе или Латинка е еден од најсилните природни антибиотици. Се користи во лекување на астма, бронхитис, болести на бубрези, уринарни патишта, шеќерна болест. Оваа билка не само што е убава и вкусна, туку е исклучително и лековита.

Во народната медицина е докажано дека може да се користи за лекување на: болести на респираторниот тракт: астма, бронхитис, тврдокорна слуз, воспалителни состојби, кашлица, настинки, грип, емфизем на бели дробови. Помага кај бронхијална астма и исфрлање на слузта: тинктура од цела билка, без корен.

Постапка: На секои 100 мл 96% медицински ал-кохол се става една лажица иситнета билка. Теглата или шишето се остава затворено да отстои 6 – 8 дена на собна температура. Потоа се процедува и се кон-сумира по една лажичка, 2 – 3 пати дневно, разредено со малку вода.

Лази бубе содржи сулфурно масло кое е многу корисно за тешко воспалителни болести на белите дробови и исфрлање на застојана слуз. Се кон-сумира во облик на ал-кохолна тинктура трипати дневно по мала лажичка, разредено со малку вода. Ја враќа животната снага.

Секое домаќинство треба да си ја има оваа билка, па дури и оние кои живеат во стан и немаат градина, бидејќи може да се одгледува на тераса и во соба покрај прозор (зимно време). Како и сите други билки богати со сулфурни хетерозиди и витамин Ц, лази бубе има големо значење како превентивно средство бидејќи уни-штува многу заразни микроорганизми.

Во лековити цели се користи и неговото семе: 5 до 10 г семе ситно се толчи, се додава вода и после два часа се пие со некој овошен сок. Иако свежите листови и цветови се најлековити, сепак може да се кон-сумираат и суви ако веднаш после берењето ги исушите на топло, под сенка.

Тинктура против опаѓање на косата

Потребни состојки: 100 г свеж лист Латинка (лази бубе), 100 г свежа коприва, 100 г лист од зеленика и 500 мл ал-кохол.

Постапка: Сите состојки ситно исечкајте ги, прелијте ги со ал-кохол, затворете и оставете да отстои 15 дена на собна температура. Секој ден протресувајте го шишето или теглата. Потоа процедете низ газа. Еднаш дневно, во текот на три седмици, тинктурата втривајте ја во кожата на главата со помош на мека четка.

Чај за кожни и очни болести

Постапка: 1 чајна лажичка лист се прелива со 200 мл врела вода, се поклопува и после половина час се процедува. Се пие 2-3 шолји во текот на денот. Истиот чај може да се користи за облога и за испирање.

Воден екстракт против рак

Потребни состојки: 200 г цела билка кога е во цвет (без корен) и 1 литар вода. Постапка: Билката се мие, се сечка ситно и се прелива со вода (на собна температура). Се поклопува и после 12 часа добро се истискува во цедалка и се процедува.

Се конcyмира 1 – 3 лажици во текот на денот, со малку вода или чај. Има сосем малку горчлив вкус. Листовите имаат горчлив вкус, а цветовите имаат слаткаст вкус.