Овој превкусен ролат се приготвува многу брзо и едноставно, а за негова подготовка се потребни 10 готови кори за еден голем ролат. Потребни состојки: 10 тенки кори за пита и гибаница, 200 г сувомеснато по избор, сечена на ленти.




И уште: 200 г кашкавал рендан, сол по вкус, 4 јајца, 180 мл кисела павлака (1 чаша), 180 мл јогурт (1 чаша), 120-150 мл масло, 100 г ситно сирење. Кората се пече 15-20 минути на 180 степени.

Постапка за приготвување на намазот за корите: Во еден сад изматете четири јајца со прстофат сол, а потоа додајте јогурт и масло. Рерната вклучете ја да се загрева на 180 степени, а плехот од рерна обложете го со хартија за печење. Врз хартијата ставете ја првата кора.




Преку секоја кора нанесете по неколку лажици од намазот и со четка премачкајте ја рамномерно преку целата површина. Постапката повторете ја и со останатите кори. Кога ќе ја ставите последната кора, премачкајте ја со остатокот од намазот.




Вака приготвените кори ставете ги да се печат во загреаната рерна околу 15-тина минути додека да зарумени одозгора. Печената кора покријте ја 2-3 минути со крпа, а потоа кората ставете ја врз влажна крпа и свиткајте ја во ролат. Оставете целосно да се излади.




За фил: Во еден сад измешајте го сирењето (или кајмак) со една кисела павлака. Смесата посолете ја по вкус. Врз изладената кора рамномерно распоредете ја смесата од сирење и павлака, па одозгора наредете ленти од сечено сувомеснато и изрендајте кашкавал. Одозгора може да ставите и малку мајонез.




Кората повторно свиткајте ја во ролат и свиткајте го во фолија. Оставете го во фрижидер да се стегне, а потоа сечете го на парчиња. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.




Во продолжение ви претставуваме уште еден сличен и интересен рецепт за солени ролнички со сирење – најдобри во светот, меки како душа, а Драгана која што го споделува рецептот вели дека од срце ги препорачува на сите.




„Ако се прашувате зошто ги нареков „најдобри во светот”, тоа е затоа што бев воодушевена како излегоа. Меки се како душа, а и сирењето ми се погоди совршено. Сè на сè, од срце ви препорачувам да ги пробате овие ролнички со сирење.

Потребни состојки: 1 пакување готови кори за пита, 400 г сирење, 100 мл млеко, 40 мл масло, ½ кесичка прашок за печиво, сусам за наросување, 3 јајца. Питата се пече на 200 степени околу 20-тина минути.




Постапка: Изматете едно јајце со маталка, па додајте 100 мл млеко, 40 мл масло и половина кесичка прашок за печиво. Соединете убаво. За фил изматете едно јајце и додајте околу 400 г крем сирење. Изматете да се соедини. Пробајте дали сирењето е доволно солено, а ако не е, посолете го.




Отворете ги корите и премачкјате го првиот лист. Поклопете со втор лист кора, па и него премачкајте го преку целата површина. Преклопете со третиот лист и едната страна нанесете фил. Потоа свиткајте во ролна. Ролатите виткајте ги во намастен плех.




Одозгора премачкјате ги со прелив од едно јајце и 2-3 лажици млеко и 1-2 лажици масло. Со остар н ож исечете ги ролничките со големина по ваша желба. Одозгора наросете сусам. Ставете да се печат во загреана рерна на 200 степени околу 20-тина минути. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.