„Сите лековити билки ни се дадени како подарок од природата. Јас не сум лекар, но сум бесконечно среќен што имам можност да им помагам на другите. Затоа ги учам луѓето како сами да берат лековити билки, па така ќе има и повеќе за мене и за оние кои навистина им треба“, вели Оливер Станојевиќ.
Оливер познава и користи 105 билки, а неговата колекција изобилува со илјадници рецепти. Живее на планината Тара и ова место не би го заменил со ниедно кралство на овој свет.
Неговите родители биле учители во мало село на левиот брег на Дрина, каде што неговиот татко одгледувал пчели. За жал од занаетот на неговиот татко не успеал да научи многу бидејќи си зами-нал од овој с вет многу рано.
На прашањето што е најважно при берење на билките, Оливер одговори: „Билката се бере кога ќе процвета, кога е во полна сила, тогаш дава знак дека е подготвена. Коренот се бере доцна есен или рана пролет, бидејќи овој период се имаат собрано сите важни состојки за да се преживее во текот на зимата.
Лисјата никнуваат кога никнуваат, а најдоброто што го има растението се таложи во семето, точно за да преживее есента и да даде нов ж ивот на пролет. Ја користам употребата на лековити билки пред сè превентивно, за да можеме постојано да го надополнуваме и штитиме нашиот организам.
Ако замените само една шолја кафе со шолја чај, вие сте вовеле совршена навика која може да ви го продолжи животот. Како што не можете да ја запрете водата кога ќе прерасне во река, така и не можете да запрете болест кога ќе се појави. Но, можете да ја спречите додека е сè уште поток. Секое растение има барем неколку, а често и десетици или повеќе нутритивни соединенија.
„Градот ме збунува и ме плаши бидејќи содржи огромна количина на испреплетени енергии, бучава, воз-буда и не-мири. Кога ќе дојдам во град да ги посетам децата останувам кратко и завршувам што побрзо можам, па си се враќам на планината.
Многу луѓе кои дозволија да ги обземат новите технологии се иритирани од совршената едноставност на природата. Тие мислат дека не е ништо, само затоа што е едноставно и логично. Следењето трендови од сите области е императив што луѓето неуморно работат за да го постигнат, и тоа е невозможно, затоа што нè обзема огромна количина од сè.
Oмилена билка ми е ивината трева (Teucrium Montanum), можеби заради тоа што е прва билка која почнав да ја користам, но и во изобилие ја има на планината Тара, но и кај нас постои верување дека ивиниот чај ги п одига луѓето од п остела (само немојте да го допирате коренот).
Ивината трева е митска билка, и во многу преданија е напоменато доколку човекот почне да „венее”, а не знае од што, треба да му се даде ивина трева. Сите знаеме која болест доминира во последните 50 години, па сам себе си дадов слобода да претпоставам дека одговорот може да биде токму во оваа билка.
Ивината трева расте во мали џбунови, има неверојатен мирис, а чајот е многу пријатен за пиење. Ете, можам да ви кажам дека ова е мојата омилена билка, а се надевам дека другите билки нема да ми забележат”, се пошегува Оливер.
Според Оливер, ние секојдневно треба да пиеме една до две чаши чај за да останеме здрави и витални. Оваа мешавина од чај која може да ја прочитате подолу, може да помогне во лекување и помош во терапијата на многу болести вклучувајки го p aкот, а покрај тоа и нер-воза, с трес, хормонални проблеми кои се корен во никнување на оваа лоша болест.
Чај за зајакнување на имунитет. Потребни состојки: 20 г ивина трева трева, 15 г маточина, 10 г невен, 15 г корен од ангелика, 15 г иванско цвеќе, 10 г подабиче, 10 г кантарион, 10 г разгон (честославица), 15 г изоп, 10 г жалфија, 15 г оригано, 10 г мајчина душица.
Подготовка: Измешајте ги сите состојки, а потоа прелијте една голема лажица од смесата во 2 литри ладна вода, ставете ја да се загрее и почекајте да зоврие. По еден час процедете и пијте 2-3 пати по 200 мл чај дневно. Напомена: Се користи при грип и други вирусни инфекции.
Против воспаление на јајниците и ПМС: 20 г невен, 20 г мацина трева (горчица), 15 г ајдучка трева, 15 г кантарион, 15 г маточина, 5 г кичица (црвен кантарион), 10 г мајчина душица.
Постапка: Измешајте ги сите состојки, па 3 лажици од смесата прелијте ги во 700 мл зовриена вода, почекајте еден час, процедете и пијте во текот на денот.