Во оваа статија, ви пренесуваме уште еден рецепт кој повторно ќе ви покаже дека природата е секогаш на ваша страна кога станува збор за вашето здравје. Пробајте го овој напиток од црвено вино и лук и yживајте во неговите здравствени придобивки.
Луѓето кои воопшто не пијат вино или ал-кохол може да користат сок од грозје или цреши при подготовка на овој напиток.




Еве некои од здравствените придобивки кои ќе му се случат на вашиот организам доколку го пиете овој лек: ќе ја исчистите кр-вта, ќе ги ели-минирате вишокот маснотии, подобрување на телесните функции, зајакнување на имунитетот, ели-минирање на вишокот сол од телото, забрзување на метаболизмот..




Лукот (Allium sativum) одамна е познат како многу моќен природен лек. Познато е дека античките Египјани, во времето на градење на пирамидите, често им давале на своите p oбови лук за да ги одржуваат во добра состојба. Лукот е главната состојка на стариот тибетски лек чиј рецепт е напишан пред повеќе од 2000 години.

Нашата народна медицина исто така високо го цени ова растение, па затоа често се наоѓа во многу мевлеми и природни лековити билки. Постојат многу верувања поврзани со ова растение, а едно од нив гласи: „Кој јаде четириесет дена по едно чешне лук секое утро, ќе може да ги гледа ѕвездите во текот на денот.“




Лукот содржи околу 400 активни состојки и е богат со витамини и минерали како аденозин, алицин, аминокиселини, растителни влакна, растителни масти, витамин А, витамини Б1 и Б2, витамин Ц, железо, ензими, есенцијални масла, јод, калиум, калциум, селен, сулфур и фосфор.

Главната состојка на лукот е алицин, кој има силно антибактериско, антивирусно, антифугално, антипаразитско и антиоксидативно дејство, но оваа cyперсостојка е одговорна и за нешто друго.




Истражувањата исто така потврдуваат дека лукот има антиканцерогени својства. Редовното конcyмирање на големи количини лук го намалува ризикот од многу видови на р ак, особено р ак на рек-тум и бубрези. Се користи за многу болести во подготовка на разни природни препарати и на различни начини.

На прво место, лукот го намалува кр-вниот притисок, како и нивото на холестерол во кр-вта. Ова растение е природен антибиотик, затоа многу често се користи против настинка и грип, а корисно е и како превенција од овие болести.




Во комбинација со уште една состојка, лукот ги зголемува своите лековити својства врз организмот, таа состојка е црвеното вино. Уште во далечното минато, црвеното вино било употребувано како природен лек и се сметало дека монасите живееле многу долго, помеѓу останатото и бидејќи редовно конcyмирале помали количини црвено вино.




За умерена конcyмација, според повеќето релевантни институции кои се занимаваат со нутриција и храна, се смета една чаша црвено вино за жени и до две за мажите, со одредени временски паузи. Сепак, кај некои луѓе со одредени заболувања ниту овие количини не се дозволени.

Компонентата ресвератрол е онаа која е одговорна за повеќето корисни дејства по здравјето кое ги поседува црвеното вино. Ресвератролот е компонента која ја создаваат некои растенија како заштитен механизам од инфекции со бактерии и габи, но и како заштита за ултравиолетовата радијација.




Ресверaтролот во виното доаѓа од лушпата на црвените гроздови зрна. Боровинките, брусницата и кикириките се исто така извори на оваа компонента. Црвеното вино може да придонесе за подобро здравје на срцето на повеќе различни начини. Ресвератролот од виното може да го намали ризикот од срцеви заболувања преку начинот на кој што делува на цревната микрофлора.




Потребни состојки: 12 чешниња лук, 500 мл црвено вино. Постапка: Исечете 12 чешниња лук на четвртини и ставете ги парчињата во стаклена тегла. Прелијте со половина литар црвено вино.




Затворете го садот добро со соодветниот капак и оставете го да отстои 2 седмици со секојдневно протресување, 2-3 пати на ден. По изминатото време, процедете ја смесата низ густа газа и прелијте го лекот во темно, стаклено шише.




Начин на конcyмирање: Пијте од лекот 2-3 пати на ден по 1 супена лажичка, а најмногу по 1 ракиена чашка во текот на целиот ден. Терапијата треба да трае еден месец. Овој лек може да се користи еднаш на секои шест месеци.