Подгответе се да уживате во најубавите солени јадења. Тиквичките се омилен летен зеленчук за луѓето кои внимаваат на својата исхрана. Околу 250 грама тиквички содржи само 19 калории.
За да ви биде појасно, тоа е за дури 40 до 50 проценти помалку калории во споредба со иста количина на нискокалоричен зеленчук, како што е на пример брокулата.
Токму поради ниската калорична вредност, можете да уживате во тиквички на различни начини – можете да ги јадете пржени, варени, печени, сирови, во салата. За попикантен вкус, можете да ги печете тиквичките на скара заедно со некој друг вкусен зеленчук.
Ова се најубавите рецепти за јадења приготвени со тиквички кои се подготвуваат многу брзо:
I РЕЦЕПТ: Мусака со тиквички
Потребни состојки: 300 г мелено месо, 4 јајца, 1 кромид, 4 чешниња лук, 2 тиквички, сол, црн пипер, масло, мелен црвен пипер, 4-5 лажици брашно, 100 г презла, 2 моркови, 1 кисела павлака, малку кашкавал.
Постапка: на масло пропржете исечкан кромид, постоа сечкани или рендани моркови, па додајте мелено месо и убаво пропржете го. Зачинете со сол, црн пипер, црвен пипер, сечкано лукче. Тиквичките излупете ги, исечете ги на тенки тркалца и посолете ги, па оставете ги да отстојат 30 минути.
Потоа процедете ги. Изматете две јајца, а плехот намастете го со масло. Секое тркалце тиквичка прво набрашнете го, па натопете го во јајцата, па извалкајте го во лебни трошки (презла).
Редете ги на дното од плехот. Одозгора распоредете неколку лажици пржено месо, па повторно тиквички и сè така додека да го потрошите материјалот.
Завршете со тиквички. Изматете ги преостанатите две јајца, додајте една чаша кисела пав лака и убаво изедначете, па прелијте преку тиквичките. Одозгора нарендајте кашкавал. Печете на 200 степени околу 40 минути.
II РЕЦЕПТ: Густа крем чорба од тиквички направена во блендер
Потребни состојки: 1 мала млада тиквичка, 1 морков, 1 кромид, 1 мал компир, 2 чешниња лук, сув зачин, сол, 500 мл млеко.
Постапка: на масло пропржете го исечканиот кромид, па додајте исечкан морков, компири, тиквички и лук. Додајте малку вода и оставете да се продинста додека да омекне. Кога ќе се свари, оставете да се излади, а потоа сè измиксајте во блендер.
Додајте доволно млеко за разредување на смесата (околу 500 мл). Ставете ја супата на оган да зоврие, зачинете по вкус и послужете топло.
III РЕЦЕПТ: Печени уштипци од тиквички – совршен ручек за 200 денари
Потребни состојки: 2 тиквички, 1 јајце, 75 г брашно, сол и црн пипер по желба, 2 лажици маслиново масло.
Постапка: измијте ги тиквичките, изрендајте ги, посолете ги и ставете ги во цедалка околу 10 минути. Исцедете го вишокот вода и префрлете ги тиквичките во поголема чинија. Измешајте ги ренданите тиквички со јајце, брашно, сол и бибер и формирајте уштипци-крофнички.
На топла тава со малку масло пржете ги уштипците од двете страни додека да добијат златнокафеава боја. Послужете ги со малку павлака и сезонска салата по желба. Можете, исто така, да додадете исечкан праз во тестото – вкусот ќе биде феноменален!
V РОЛАТ: Ролат од тиквички и сирење
Потребни состојки: 850 г тиквички, 4 полни лажици меко брашно, 4 мали јајца (3 ако се големи), 1 лажичка сол, прстофат црн пипер, 250 г сирење, 250 г кисела павлака, околу 150 г шунка или некое друго сувомеснато по ваш вкус
Постапка: не е потребно да ги лупите тиквичките, туку само добро измијте ги и исечете ги краевите. Изрендајте ги и наросете ги со лажичка сол. Оставете да отстои. Вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени.
Изматете ги белките во цврст снег, па додајте ги и жолчките. Потоа додајте брашно и исцедените тиквички. Промешајте сè. Големиот плех од рерната малку намастете го и обложете го со хартија за печење.
Истурете ја смесата во плехот, намалете ја рерната на 180 и печете ја кората околу 35 минути.
Извадете ја, па заедно со хартијата свиткајте ја во ролат и така оставете ја да се олади. Изматете ја павлаката со сирењето (ако сирењето е несолено, додајте сол по вкус).
Кога ќе се олади завитканата кора од тиквички, одвртете ја и намачкајте ја со половина маса, наредете ред шунка и над неа нанесете го остатокот од филот.
Завиткајте во ролна, па во хартијата за печење за да се фиксира и ставете во фрижидер да отстои некое време, за да се стегне и вкусовите се соединат.
V РЕЦЕПТ: Пржени крцкави тиквички (без грам масло!)
Потребни состојки: 1 голема млада тиквичка; 3 јајца; сол; 3 лажици презла; 2 лажици брашно; 1 лажица гриз; 4 лажици семе од сусам; малку мелена пиперка; малку кашкавал.
Постапка: исечете тиквичките на тенки листови и посолете ги. Оставете ги да отстојат 15-20 минути, а потоа исцедете ја течноста. Изматете ги јајцата во еден сад. Во посебен сад истурете презла, брашно, гриз, половина од сусамот и зачините. Измешајте сè.
Тиквичките наросете ги со мешавината од презла, па потоа во јајцата, па повторете ја постапката уште еднаш (презла-јајца) и наредете ги во плехот во кој ќе ставите хартија за печење.
Одозгора наросете ги со остатокот од сусамот .. Изрендајте кашкавал … Печете 25 минути на 200-220 степени .. Послужете топли крцкави тиквички што ќе ви се допаднат веднаш штом ги гризнете …
VI РЕЦЕПТ: Најсочниот зеленчук од рерна во крем сос од тиквички (посно)
Потребни состојки: 1 главица карфиол, 1 голема тиквичка, половина кромид, околу 200 г праз, еден страк целер, 125 мл маслиново масло, малку црн и бел пипер, 4 – 5 чешниња лук, сол по вкус, презла за наросување.
Постапка: исечете го зеленчукот на коцки, освен карфиолот и лукот. Динстајте неколку минути во загреано маслиново масло на умерен оган. Додајте малку сол за да омекне и да ја ослободи течноста. Додајте 550 мл вода и варете додека да омекне, а потоа зачинете и тргнете од оган.
Карфиолот исечете на цветчиња и ставете ги во врела малку посолена вода. После 7-8 минути процедете ги и прелијте ги со ладна вода. Во плех наредете го карфиолот и малку посолете.
Посебно испасирајте го издинстаниот зеленчук додека да добиете кремаста и мазна смеса, па рамномерно прелијте преку карфиолот.
Измијте ги чешнињата лук, не ги лупете, туку само малку расце.пете ги. Ставете во секој агол од плехот и едно во средина. Одозгора наросете со презла и уште малку сол, па печете во претходно загреана рерна на 200-220 степени, додека да добие убава румена боја.
VII РЕЦЕПТ: Пилешко со тиквички и павлака
Потребни состојки: 1 парче пилешки гради, една мала тиквичка, една кисела павлака или 200 мл неутрална течна павлака, две лажици семе од сусам, мала главица кромид, сол, зачини по желба
Постапка: прво, исчистете ги пилешките гради, а потоа исечете го месото на коцки, па наросете со сол и зачини по желба. Истурете малку масло во тавата, испржете го кромидот, а потоа додајте го месото.
Намалете на средна температура и оставете да се пржи десетина минути, а потоа додајте ги тиквичките, кои претходно сте ги исечкале на коцки. Оставете го да врие уште десетина минути.
Во посебен сад ставете павлака и сусам, измешајте, а потоа додајте во тавата. Динстајте уште седум до осум минути.
VIII РЕЦЕПТ: Мусака со тиквички и компири
Потребни состојки: 500 г компири, 300 г тиквички, 200 мл кисела павлака, 1 кромид или три млади кромитчиња, 50 г рендан кашкавал, 100 мл млеко, 1 лажица обично брашно, 1 чешне лук, сол, свежо мелен пипер, морско оревче, мајчина душица
Постапка: излупете го компирот и исечете го на тенки тркалца. Тиквичката не ја лупете, само исечете ја на тркалца. Огноотпорен сад намастете со путер, па на дното наредете компир и тиквички. Кромидот исечкајте го на тенки кругови и наредете го и него.
Наросете со мајчина душичка. Во посебен сад разматете брашно во млеко, додајте павлака, ситно сечкан лук, сол, црн пипер и рендано мускатно оревче.
Прелијте одозгора и ставете да се пече на 200 степени околу половина час. Одозгора наросете рендан кашкавал и печете уште 10-15 минути