Дека лимон е богат со витамин Ц и може да го зајакне нашиот имунитет, како и тоа дека ни помага полесно да се избориме со настинките и грипот, веќе на сите ни е познато одамна. Сепак, постојат 7 мали тајни, за кои веројатно не знаевте, а се однесуваат за тоа што сè може лимонот.

Без разлика дали го користиме во лимонада, чај, сокови или колачи, лимонот е навистина далеку пред секое овошје. Има корисен ефект врз работата на црниот дроб, цревата, желудникот.

Ако редовно консумирате лимон, можете да ги спречите болестите како што се ларингитис, бронхитис, грип, настинки, артритис, висок кр-вен притисок, бактериски инфекции, создавање на бубрежни и жолчни камења. Што сè може лимонот?

Ги брише акните

Лимонот содржи киселина која помага во лекување и бришење на акните. Имено, витаминот Ц од лимонот се бори против сите познати бактерии кои предизвикуваат акни. Пробајте го овој едноставен совет: пред да ссе легнете нанесете малку свеж сок од лимон врз воспалената акна, оставете да се исуши, на наутро кога ќе станете добро исплакнете со топла вода. Акните сигурно ќе бидат помалку видливи.

Лимонот има смирувачки ефект

Истражувањата покажале дека лимонот има смирувачки ефект и помага да се намали нервозата, заморот и напнатоста. Исто така, вдишувањето на лимонови ароматични масла ја подобрува концентрацијата и памтењето. Од тие причини вашиот овлажнувач на воздухот нека има цитрусен мирис.

Ја отстранува тврдата кожа од петниот трн од стапалата

Топлите облоги со лимон фиксирани со фластер и завој во зафатениот предел можат да ја стопат тврдата кожа и формиранио калус. Оставете ја облогата да делува преку ноќ, а следниот ден ќе ве чека изненадување.

Ја враќа енергијата

Витаминот Ц ефикасно делува врз уморот зајакнувајќи го нашиот имунитет и заштитувајќи нè од бројни заразни болести. Исто така, неколку капки лимон во водата која ја пиеме ефикасно ќе ја изгасат нашата жед, ќе нè освежат и ќе не направат поподготвени за секојдневните активности.

Го освежува здивот

Лимонот помага да се задржи свежиот здив во устата. Доволно е во чаша топла вода да ставите неколку капки лимон и да ја исплакнете устата. Што и да сте јаделе, свежиот здив ќе ви се врати после ова.

Помага да се извади боцката од уб од на инсект

Ако после уб од на пчела или некој друг инсект сте забележале дека боцката е сè уште во вашата кожа, ставете неколку капки лимонов сок помешани со лажица мед и нанесете во пределот на у бо дот. За неколку минути кожата заедно со боцката ќе бидат омекнати, па со голема леснотија ќе можете да ја извадите.

Помага во побрзо ослободување од вишокот килограми

Забрзајте го метаболизмот така што после секој оброк ќе се напиете чаша млака вода во која сте исцедиле сок од еден лимон. Со оглед на тоа што ова е оснава на многу диети, вреди да се испроба.

сируп од лимон

Лимонот ги топи брадавиците

Истолчете три таблети витамин Ц а потоа добиениот прав помешајте го лимонов сок така да добиете густа паста. Со не премачкајте ги брадавиците, но внимавајте на околната кожа. Фиксирајте со фластер. Киселината од таблетите и лимонот за некое време ќе ја стопи брадавицата, односно таа ќе отпадне.

Лимон: против првут и себореа, реума, за срце и настинки

СОДРЖИ: голема количина на витамин Ц, слуз, пектин, калциум оксалати. Во кората има етерично масло со пријатен мирис и горчлив вкус. Маслото содржи лимонен, цитрал, шеќер, калиум, фосфор, лимонова и јаболкова киселина. Се употребува плодот кога е зрел, и листот.

ПОДГОТОВКА И УПОТРЕБА:

Сокот од лимонот: го снижува шеќерот во кр-вта, штетните киселини и бактерии, лекува од настинка, градни болести, ја чисти кр-вта од мочната киселина, ги чисти жлездите, го спречува кр-вавењето, разни воспаленија, ревматични тегоби, маларија, скорбут, ја подобрува работата на срцето.

ПРОТИВ РЕВМА: сок од 3 лимони дневно. Сок од лимон се пие и при заболен црн дроб, бубрези, смирување на нервите.

ЗА СРЦЕ: сок од 3 лимони и 1 лажичка сол се става во помало шише и се мати сè додека не фати бела пена и се пие на секој час по една супена лажица.

ЗА НАСТИНКА: се вари чај од сува кора од лимон со исти делови сува кора од портокал и мајчина душичка. Од оваа смеса 2 супени лажици со 1 литар вода вријат само 2 минути. Садот се поклопува и по 20 минути се процедува и се засладува со 1 лажичка мед. Лист од лимон може да се стави во комбинација со која било билка.

ПРОТИВ ПРВУТ И СЕБОРЕА: Со свежо исцеден сок од лимон се масира коренот на косата два пати неделно. Се остава половина час и косата се мие. За да не биде кршливо влакното, во водата за плакнење се ставаат неколку капки масло од лен, сусам, кантарион, мајчина душичка или др.

Ненадминлив лек за имунитет со издлабен лимон наполнет со мед

Природен лек кој помага за зајакнување на имунитетот и олеснување при искашлувањето. Пробајте да го направите, едноставно е. Сè што е потребно да направите е да го издлабите лимонот, односно да ја извадите пулпата од внатрешноста.

Засечете го врвот како капаче, а потоа засечете ја пулпата и извадете ја, да остане само кората и да добиете мала импровизирана „тегличка“. Доколку лимонот не е домашен, тогаш пред започнување на постапката убаво ќе го измиете лимонот а потоа ќе го избришете со чиста крпа.

Во импровизираната „тегличка“ ставете мед, една лажичка лимонов сок и една лажичка рендан корен од ѓумбир. Со овие состојки треба да се исполни речиси до врв. Вака приготвениот лимон (или повеќе лимони) сместете ги во стаклен сад, затворете го садот и ставете го во фрижидер.

Најдобро е да отстои неколку денови пред консумација за да се ослободат сите активни состојки и синергично да се поврзат. Се препорачува да се користат две до три лажички дневно, во текот на еден месец. Видно ќе се чувствувате подобро и поенергично.