Овој напиток ќе ви помогне побрзо да дојдете до витка линија. За да се ослободите од вишкот килограми потребно е да ја регулирате исхраната и да воведете физичка активност, но одлична помош на патот до топ форма се секако и одредени напитоци.
Секој што сака здраво да се ослободи од вишокот масно ткиво, без јо-јо ефекти и без враќање на изгубените килограми, најпрво мора да го прочисти својот црн дроб, да му овозможи да се одмори и регенерира, а дури потоа да се премине на некоја рестрикциска диета.
Најдобро е тоа да се направи преку свежо цедени овошни и зеленчукови сокови полни со витамини и минерали кои ќе овозможат брзо прочистување на црниот дроб. Од исхраната е потребно да се исфрлат сите нездрави намирници и пијалаци, а да се консумира минимум 1,5-2 литри вода со додаток од малку јаболкова киселина.
Рецепт за прочистување и долговечност кој го пијат Македонците на Хималаите, според Димитар Цонев:
Станува збор за рецепт кој може да се користи како превенција од рак, а негова основна намена е одржување на општата виталност и здравје, како и продолжување на животниот век. Според овој рецепт 17 дена треба секојдневно да се јадат 2 килограми кајсии.
Доколку не е сезона на кајсии, во тој случај може да се користи замена од 480 г суви кајсии. Плодовите се комбинираат со 21 семка од кајсија, 2 литри вода и 2 лимони. Во 100 грама свежи кајсии се содржат 11 г јаглехидрати, 9 г шеќер, 0,4 г масти, 1,4 г протеини и 0,4 г железо, што одличен сооднос за човековиот организам.
Од друга страна, витаминот Б17 се користи како превенција од рак и во борбата против други тешки болести, а токму рецептот на Македонците од Хималаите е совршен алтернативен пат, како да се дојде до овој витамин по природен пат, смета Цонев.
За да се ослободите од вишокот килограми потребно е да се регулира исхраната и да се воведе физичка активност, но одлична помош може да понудат и некои одредени чаеви, сокови и напитоци. Токму таков рецепт беше објавен од Марија, пишува Нови.ба
Имено, Марија (42) секое утро на гладен стомак ја пиела следната мешавина во текот на еден месец и забележала видни резултати. Ослабела 4 килограми без претерано одрекување и гладување. Јадела сè вообичаено, а единствено не претерувала во слатките и енергетските напитоци.
Доколку и вие сакате да стопите неколку килограми, а притоа да не ви се вратат, запиштете си го овој рецепт од напитокот кој го пиела Марија.
Потребни состојки: зелен чај (една кесичка или една лажица во прав) и една лажичка ким.
Постапка: Сварете го зелениот чај и додајте лажичка ким. Поклопете го садот и оставете да отстои 20 минути. По изминатото време е подготвен за консумација.
Зошто овој напиток е толку делотворен?
Зелениот чај е одлично дополнување на диетите, а неговите ефекти се забележуваат во минимален рок. Содржи катехини, природни состојки кои влијаат врз согорувањето на мастите. Исто така, големата количина од материите EGCG (епигалокатехин галат) директно влијае врз забрзувањето на метаболизмот.
Кимот придонесува за подобра функција на дигестивниот тракт. Го олеснува варењето, ја намалува подуеноста и грчевите. Содржи голема количина на фитостероли кои влијаат врз намалување на апетитот.
II РЕЦЕПТ Измешајте ги овие 4 зачини и направете магичен чај за слабеење – за 1 месец 5 кг помалку без гладување
Кога сме млади имаме брз метаболизам и полесно ја одржуваме телесната тежина, но како што старееме ја губиме виталноста, а килограмите како сами да се зголемуваат. Слабеењето некогаш се чини за невозможна мисија. Доколку имате вишок килограми од кои сакате на природен и безбеден начин да се ослободите, обидете се со овој домашен чај кој се приготвува од зачини кои веќе ги имате во кујната.
Хранливите состојки кои се содржат во зачините не само што се корисни за вашето тело, туку исто така, можат да го забрзаат метаболизмот и да го поттикнат согорувањето на мастите. На тој начин ќе успеете да се ослободите од подуеноста и неколку вишок килограми и тоа без да гладувате.
Секако, препорачливо е да се храните поздраво, да внесувате повеќе течности во организмот и да бидете повеќе физички активни за да ги “подмачкувате” зглобовите и да го одржувате тонусот на мускулатурата. За да го приготвите чајот потребни ви се четири зачини и тоа: ловоров лист, цимет, ким и кардамон. Истражувањата покажале дека чајот приготвен од овие зачини значително помага во топењето на масното ткиво.
Ловоровиот лист содржи антиоксиданти и минерали кои помагаат да се исфрлат солите од организмот. Го забрзува метаболизмот и прави детокс на организмот. Циметот го подобрува варењето на храната, го нормализира шеќерот и крвниот притисок. Исто така, помага во подобрување на дигестијата.
Кардамонот го ублажува стресот. Во бројни истражувања се тврди дека зголемувањето на телесната тежина е резултат на прекумерен стрес. Кардамонот го намалува високиот крвен притисок и исто така, го забрзува процесот на согорување на маснотиите во телото.
Кимот е одличен за намалување на подуеноста, ги смирува гасовите и грчевите во стомакот и самостојно помага во согорување на мастите и топење на вишокот килограми.
Потребни состојки: 2-3 ловорови листови, 1 лажичка цимет, 1 лажичка ким, 2 зрна кардамон и 600 мл вода
Постапка: ставете ги зачните во вода и откако ќе зоврие варете околу 2 минути. Поклопете и оставете да излади. Една чаша испијте наутро пре појадок, а другите две пред ручек и вечера. Пијте го во период од еден месец, а потоа направете пауза од 10 дена.