Сакате да ослабите, но никако не успевате? Сте забележале отоци на лицето и телото, проблематична кожа, целулит? Сето тоа се знаци дека лимфниот систем можеби не функционира на најдобар начин. Можеме да го споредиме тоа со пумпа која постојано е вклучена: ако почне да работи послабо и лимфата лошо циркулира, во организмот се собираат токсини, а органите трпат дополнително оптеретување.
Нема да биде тешко да го поттикнете правилното циркулирање на лимфата, а покрај тоа ќе ослабете и подобро ќе се чувствувате: пијте доволно вода, повеќе движете се, изведувајте едноставна лимфна дренажа и правете ги овие вежби.
Ова е еден многу ефикасен комплекс од вежби кои одлично ја дренираат лимфата. Особено ќе им користи на оние кои не се доволно физички активни.
Кои се предностите од лимфна дренажа?
-излачување на вишок течности од организмот
-јакнење на имунитетот
-јакнење на нервниот систем
-губиток на вишок килограми
-подобрување на тонусот на кожата
Во кои случаи не треба дополнително да се стимулира лимфата:
-во текот на бременост
-при онколошки болести
-при воспалителни болести
-венска тромбоза
-лимфаденитис и лимфаденопатија
1.МАСАЖА ВО ПРЕДЕЛОТ НА КЛУЧНАТА КОСКА
Легнете на грб на рамна површина. Вкрстете ги рацете на гради, така што прстите од левата рака ќе бидат под десната клучна коска, а прстите од десната рака под левата. Подигнете ги лактите така што прстите да ги притиснат тие места и да пропаднат во вдлабнатините кои се формираат при ова движење. Вдишувајте во првобитната положба, издишувајте во текот на притискањето. Повторете 15-20 пати.
2.ЛУЛАЊЕ НА СТАПАЛАТА
Застанете право, спуштете ги рацете покрај телото, додека нозете треба да бидат паралелни. Подигнете се на ножните прсти, задржете се така на секунда, а потоа спуштете се на пета. Дишете со вообичаен ритам. Повторете 20 пати.
3.МАСАЖА ВО ПРЕДЕЛ НА СОЛАРЕН ПЛЕКСУС
Станете или седнете со исправен грб. Спојте ги палците и показалците од двете раце. При вдишување ставете ги прстите на точката на соларен плексус под ребрата. Малку свиткајте го грбот и со прстите притиснете ја оваа точка. Задржете се за момент во оваа положба, а потоа исправете го грбот. Вдишувајте додека се исправувате, издишувајте во текот на тој притисок. Повторете 15-20 пати.
4.ЈАПОНСКА ВИБРАЦИЈА
Легнете на грб на рамна површина. Подигнете ги во вис рацете и нозете со малку свиткани колена. Протресете ги истовремено, трудејќи се екстремитетите да ви бидат што поопуштени. Дишете со вообичаен ритам. Ова правете го во период од 1-3 минути.
5.ЖАБА
Седнете на рамна површина, свиткајте ги колената и спојте ги стапалата. Ставете ги рацете на колена и притискајте ги со средна јачина, но со брзо темпо, така да ви отскокнуваат колената. Дишете нормално. Повторете 30 пати.
6.ПОЛУСТОМАЧНИ
Легнете на грб на рамна површина и исправете ги нозете. Свиткајте ги колената, привлечете ги до гради и потоа вратете се во почетната положба. Вежбата треба да се изведува доста брзо, но така да ви биде пријатно и да го следите ритамот на дишењето. Вдишувајте во почетната положба, издишувајте при свиткувањето. Повторете 20 пати.
БОНУС: Лимфодренажна масажа на лицето
Сите неведени вежби влијаат врз целото тело, но за брзо да ја елиминирате утринската отеченост, можете да ја направите оваа целна масажа на лицето.
1.Лесно масирајте се со прстите од двете раце од средина на челото до слепоочниците, 10 пати.
2.Со показалците од двете раце поминете преку коските под очите до слепоочниците, 10 пати.
3.Со прстите од двете раце, поминете со лесен притисок:
-од точката над горната усна во страна;
-од аглите на суните во страна;
-од средината на брадата малку нагоре и во страна. Се’ повторете по 10 пати.
На крај, неколку пати поминете со прстите од врвот на челото преку целото лице и врат, за да го насочите текот на лимфата.
Обидете се овој комплекс да го изведувате секој ден, за да останете во одлична форма.
Илустрации на Леисан Габидулина.