Билкарот од Тузла, Адем Ахмишевиќ e доста познат во оваа област, а со истражување на билките се занимава долги години, уште кога во 1963 година му започнале проблемите со дебелото црево.

Во тоа време медицината не била развиена како што е денес, па дури и лекувањето на оваа болест се сметала за невозможна.

„Влегов во светот на фитотерапијата поради мојата болест. Додека бев во војска, уште во 1963 година, имав кр-вавење од дебелото црево.

Тоа кpвавење се повторуваше и лекарите со години ми велеа дека страдам од воспаление, сè додека не заболев од рак на дебелото црево и простата во раните 1980 година.

Бидејќи лекарите ми го прогнозираа најлошото, решив да барам спас за себе со алтернативните начини на лекување.

Со помош на мевлеми, природни сирупи и комбинација на кинезитерапија, што и самиот ја направив, излегов како победник над оваа сериозна болест“ – се сеќава Ахмишевиќ.

Тој не јаде месо од 1985 година, што, меѓу другото, го смета за темел на неговото добро здравје. „Победата над сопствената болест ми даде „ветер во грб“ кога станува збор за фитотерапијата.

Без разлика дали станува збор за мигрена, рак, тумори, психосоматски нарушувања, нервоза, болест на простата, астма, бронхитис и други болести на белите дробови, проблеми со коските, црн дроб, цисти, хемороиди, јас многу ја проучив оваа област и имам лек за сите овие болести.“

„За здравјето на дебелото црево, добро е да се користи ајдучка трева, коприва и глуварче.

За потечени лимфни жлезди, одлични се облоги и масти од четиринаесет видови растенија, од кои најважни се кантарионот, росопасот (руса трева или чадливка) и коприва. Каранфилчето, кората од орев и пелинот се ефикасни против бактериите.“

Третманот со природен лек, како што вели Адем, е подолг, но затоа е исклучително ефикасен. „На пример, кога имате главоболка, не земајте апчиња.

Главоболка значи дека имате здравствен проблем. Со земање на лекови против болка ја откажувате врската помеѓу мозокот и местото на проблемот.

Главоболката честопати значи дека имате вишок или недостаток на енергија во тој центар, што лесно можете да го регулирате со техниката на дишење – советува Адем Ахмишевиќ и продолжува:

Важно е да се работите на зајакнување на имунитетот, а младите ‘ркулци од зрна пченица можат секому многу да му помогнат.

Покрај младата пченицата, која е добро позната билка, невенот, копривата, глуварчете, дивата капина, магарешкиот трн, кора од врба и коњското опавче се исто така, одлични лекови.

Копривата е најдоброто растение за чистење на организмот и кр-вта, а сите нејзини делови, односно коренот, стеблото и лисјата, може да се користат секој ден на повеќе начини.“

Освен како додаток на храна, овој фитотерапевт препорачува и пиење чај од коприва, што исто така го зајакнува имунитетот.

Исечкајте го коренот, стеблото и листот од копривата, а потоа прелијте ги со половина литар врела вода. По половина час процедете и пијте го чајот во текот на целиот ден, голтка по голтка на секои 20 минути.“ – смета познатиот билкар.

„Иако многумина го користат како украс за цветни аранжмани, додава Ахмишевиќ, глуварчето нуди и лековити својства.

Коренот на ова растение е богато со ензими, а листовите се богати со витамини А, Ц, Д и Б, како и железо, магнезиум, цинк, калиум, калциум, манган и бакар.

Ова растение, покрај зајакнување на имунитетот, го стимулира природниот процес на регенерација на црниот дроб и е многу добар природен лек за луѓе кои имаат хепатитис, страдаат од неправилно варење на храната и имаат камења/песок во жолчката.

Глуварчето се користи и како природен лек за настинки и грип, а цветот, лисјата и коренот се наменети, меѓу другото, и за подготовка на чај или сируп.

Коренот или цветот се сечат на мали парчиња, а количината на еден грст треба да се истури во половина литар вода.

По половина час, чајот се процедува и се пие во голтки. Можете да јадете свежи лисја од глуварче самостојно, или едноставно да направите салата со зелка и пиперки.

Може да користите и свеж корен како додаток на супи.“ – советува фитотерапевтот кој е убеден лично во лековитите својства на многу растенија.

Покрај глуварчето, билката добрејка не е помалку позната и кај нас, а има исклучително лековити својства благодарение на инулинот, како и витамините К, П, Б и Ц.

Секој дел од растението може да се користи за медицински цели, но најчесто се користи коренот, кој за разлика од другите растенија, е поздрав кога се консумира во сува отколку свеж.

Ова растение се користи за обновување на цревната флора и зајакнување на дигестивниот тракт.

Истурете две лажици сув корен, како и во претходните случаи, со половина литар вода, и по половина час чајот е подготвен за консумирање.” – тврди познатиот фитотерапевт и заклучува:

„Чаевите за зајакнување на имунитетот може да се подготват како комбинација на некои веќе споменати лековити билки.

За зајакнување на имунитетот, можете да комбинирате лисја од коприва со кое било од веќе споменатите растенија, и како една од исклучително добрите комбинации, ќе споменам глуварче и добрејка.“ Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска