Вкусот ќе ве освои по првиот залак!

Потребни состојки:

450 г јагоди

160 г шеќер

150 г меко брашно

3 јајца

Постапка:

Јајцата цели иматете ги со миксер заедно со шеќерот. Миксајте околу 2 минути додека да добиете мазна смеса.

Потоа со лажица додадете просеано брашно и на крај додадете уште 450 г свежи јагоди исечени на помали парчиња (колку поситно, толку поубав ќе излезе колачот, а јас малку покрупно ги сечев и пак убаво излезе).

Смесата излејте ја во намастен калап за торти и печете во загреана рерна: првите 5 минути на 200 степени, а потоа намалете на 175 степени и печете уште 30 минути или додека колачот да биде готов (проверете со чепкалка).

Колачот е превкусен!