Доколку сте во потрага по вкусни рецепт за посни колачи, особено оние што се приготвуваат без масло, тогаш сте на вистинското место. Одберете некој од предложените 4 рецепти од нашата архива и одберете го највкусниот, па споделете во коментарите под постот.




Посен колач со ореви и џем, осмислен од монахињи за пост на вода

Овој колач го имаат осмислено монахињите за постите на вода, меѓута толку е вкусен и сочен, што можете да си го приготвувате било кој ден, независно од постите. Многу е вкусен, а направен е од состојки кои секоја куќа ги има. Многу брзо и лесно се приготвува.




Потребни состојки: 12 лажици шеќер, 20 лажици меко брашно, 1 прашок за печиво, 400 мл вода, 1 лажичка сода бикарбона, 8+4 лажици мелени или блендирани ореви, 4+4 лажици домашен џем по желба

Постапка: вклучете ја рерната на 200 степени. Во еден сад ставете шеќер, брашно, вода, 8 лажици ореви, 4 лажици џем по желба, прашок за печиво, сода бикарбона и сето добро измешајте го. Наместо ореви може да се стават лешници, а и џемот исто така можете да го комбинирате (во тестото ставив џем од сливи а го премачкав со џем од кајсии).




Во обложен плех со хартија (димензии 30х20 см) излејте ја целата смеса и убаво распоредете. Кога ќе ја ставате хартијата, внимавајте таа со мазната страна да биде нагоре, ќе осетите под прсти дека едната страна е помазна од другата. Смесата треба да биде нешто погуста од јогурт.

Ставете да се пече 30 минути, во зависност од рерната. Ако не сте сигурни, проверете со чепкалка. Кога ќе потемни од горната страна, значи дека е готов. Врелиот колач премачкајте го со 4 лажици џем и наросете 4 лажици мелени ореви, па оставете да излади и тогаш сечете го. Јас веднаш, уште додека беше врел го извадив од хартијата и го ставив на даска, па потоа го премачкав и наросив.




Посен колач со вишни без масло (посно на вода) – Ова е еден многу вкусен посен колач на вода, збогатен со вишни.

Потребни состојки: 12 лажици шеќер, 400 мл вода, 20 лажици брашно, 1 прашок за печиво, 4 лажици џем по избор (одберете помек за да може убаво да измати), 100 г, пченички ‘ркулци (тоа е замена за ореви и се користи во пост на вода, а ако немате може да ставите мак, рогач или нешто слично), 300 г чистени вишни




Постапка: во водата додајте џем и шеќер и добро промешајте. Потоа додајте пченични ‘ркулци, промешајте, па брашно помешано со прашок за печиво и убаво сè соединете. На оваа смеса додајте одмрзнати и исчистени вишни, па промешајте со лажица. Оставете да отстои додека рерната се загрее на 180 степени.

За тоа време вишните малку ќе се отпуштат, па затоа уште еднаш промешајте за да соедини и испуштениот сок. Излејте ја смесата во плех со димензии 30х20 обложен со хартија и печете околу 30 минути во зависност од рерната. Исечете на коцки и наросете со шеќер во прав.




Посен колач со ореви, толку е вкусен што почнав секој втор ден да го правам: Многу е повкусен од другите колачи, треба да го пробате.

Потребни состојки: 100 г мелени ореви, 100 г шеќер, 10 лажици било кој негазиран сок, 150 г брашно, 250 мл газирана вода, 1 прашок за печиво, 150 г посен шлаг, 150 мл газирана вода и 50 г блендирани ореви, може и мелени




Постапка: во сокот додајте го шеќерот и мешајте додека да се раствори. Додајте газирана вода. Измешајте го брашното, мелените ореви и прашокот за печиво, па додајте го во претходната смеса и убаво изматете за да се соедини.

Загрејте ја рерната на 160 степени, па во обложен плех со димензии 20х35 см или приближно, излејте ја смесата и рамномерно распоредете. Ставете да се пече околу 25 минути или во зависност од рерната. Печениот бисквит оставете го да излади. Изматете го шлагот со газирана вода, па нанесете врз колачот а одозгора наросете ореви.




Овој посен колач со суво овошје е Уауууу! Мора да го пробате, само толку ќе ви кажам / Фотографија и рецепт на Мари

Е ова е навистина нешто што не смеете да го пропуштите. Мора да го пробате и тоа е сè што ќе ви кажам. Многу сум и благодарна на тетка ми за рецептот!




Потребни состојки: 100 г суви сливи, 100 г суви кајсии, 100 г цели ореви, 100 г цели лешници, 1 голема лажица суво грозје натопено во рум, 1 голема лажица какао, 1 мала лажичка цимет, 200 г шеќер, 250 г брашно, 5 големи киселкасти јаболка (не смеат да бидат слатки) и 1 прашок за печиво

Постапка: во еден поголем сад ставете сливи, кајсии, ореви, лешници и суво грозје претходно натопени во рум. Не треба ништо да сечете, ставете ги цели плодовите.
Потоа изрендајте ги јаболката во смесата и повторно добро промешајте. Додајте брашно помешано со прашок за печиво и какао.




Мешајте со лажица или со рака, ако е потребно додајте уште малку брашно. Четириаголен калап за леб ( должина 30 см, ширина 11 см, длабочина околу 8 см) намастете го со маргарин и наросете го со лебни трошки.

Смесата со лажица рамномерно распоредете ја во калапот и израмнете. Ставете да се пече во загреана рерна на 160 степени околу 1,5 час на долната решетка во рерната.
Бев воодушевена од колачот штом го пробав.