Ако се сеќавате како бабите не пречекуваа со превкусни колачи со џем, сигурно знаете какво задоволство ни правеше тоа на дyшата. Трпезата располагаше со најразлични колачиња кои се јадеа во изобилие, а во продолжение може да прочитате неколку од нив:
I РЕЦЕПТ. Лиснати погачи со џем: Старомодно уживање на кое никој не може да одолее. Потребни состојки: 250 г мелена маст, 310-350 г брашно, 100 мл бело вино, 1 кафена лажичка маст, 1 јајце, сол, џем, шеќер во прав, 1 ванилин шеќер.
Постапка: Во мелената свинска маст додајте една шака брашно и измешајте малку со рака и се остава на топло да омекне малку. Во брашното додајте уште јајце и сол, како и вино и замесете тесто за да се изедначат состојките.
Расукајте го тестото со 1 см дебелина во правоаголник и премачкајте со маст и потоа преклопете го (како што е прикажано на видеото). Потоа повторете го тоа уште двапати на истиот начин. Тестото потоа се остава да одмори 30 минути завиткано во фолија. Расукајте го тестото уште двапати и развлечете го и одморете го уште половина час.
Кога ќе се премачка и одмори по трет пат, развијте го што потенко и исечете по желба (јас исеков правоаголници), додајте на краевите од џемот и малку притиснете го прстот под џемот за да не истече. Се пече на 200 степени околу 15 минути. Кога ќе се испечат малку се ладат и се валкаат во шеќер во прав со мирис на ванила. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете ви видеото ОВДЕ.
II РЕЦЕПТ. Вкусен ролат со џем, по брза постапка ќе го имате на трпеза. Потребни состојки: 4 јајца, 4 лажици шеќер, 4 лажици брашно, 1 прашок за печиво и џем. Постапка: Изматете четири белки, а потоа додајте 4 еднакви лажици шеќер во смесата. Промешајте со миксер на најмала брзина.
Додајте 4 жолчки и на крај 4 лажици брашно и прашок за печиво. Во тавата ставете хартија за печење, истурете ја изматената смеса и печете во рерна на 200 степени. Приближно 20 минути, додека кората да порумени. Во меѓувреме, подгответе влажна крпа.
Кога кората е готова, извадете ја од тавата, полека извадете ја хартијата за печење. Се става кората на влажна крпа и се завиткува во ролат. Држете 5 минути. Поентата е да се омекне кората за да не пукне при сечењето. Од крпата одвиткајте ја кората и премачкајте ја со џем. Завиткајте во ролат и веднаш послужете.
III РЕЦЕПТ. Колач со мирис од детството: оваа штрудла со џем веднаш ќе исчезне од трпезата! Потребни состојки за тесто: 500 г брашно (тип 500), 250 мл млеко, 100 мл масло, 2 јајца, 1/2 коцка свеж квасец (25 г), 1/2 лажичка сол, 5 лажички шеќер, џем. За премачкување: 1 жолчка од јајце, неколку капки масло.
Постапка: Измешајте го квасецот во 250 мл млако млеко и додајте една лажица шеќер. Оставете да стаса околу 15 минути. Во брашното додајте квасец, јајца, масло, шеќер и сол. Замесете мазно тесто. Можете да ги измешате состојките со помош на миксер, а кога ќе почне да се стврднува тестото преминете на мешање со раце.
На малку набрашнета површина замесете го соединетото тесто уште малку. Тестото се дели на два дела (две кори), се покрива со крпа и се остава 45 минути да стаса. Кората развлечете ја колку што можете, па намачкајте ја целата површина на тестото со џем.
Свиткајте ги во ролат и наредете ги во подмачкана тава. Ролатите премачкајте ја со жолчка во која сте додале неколку капки масло. Се пече околу 45 минути на температура од 200 степени. Готовата штрудла наросете ја со малку вода, покријте ја и оставете малку да се излади. Штрудлите наросете ги со шеќер во прав и послужете ги додека се уште топли.
IV РЕЦЕПТ. Посно медено срце. Потребни состојки: 2 чаши шеќер, 2 чаши вода, 2 чаши брашно, 1 лажичка сода бикарбона, половина лажичка цимет, 1/2 чаша масло, 6 лажици џем, ореви, чоколадо.
Подготовката на оваа посна торта е многу едноставна: сите состојки (шеќер, вода, брашно, цимет, сода бикарбона, масло и џем) изматете ги во блендер. Најлесно ви е да ги измерите состојките со чаша.
Добиената смеса пред да ја ставите во тавата, најпрво намастете ја. Загрејте ја рерната и ставете ја тавата. Печете околу половина час на 220 степени. Кон крајот на печењето, извадете го плехот и наросете го колачот со ореви или чоколадо или премачкајте го со џем. По вкус (или без прелив).
Вратете ја тортата во рерна која претходно сте ја исклучиле. Оставете внатре 5 минути додека смесата да се соедини со преливот, т.е. додека не се направи кора. Ако сакате мрсно медено срце, состојките се исти – само ставете две чаши млеко наместо вода. Постапката е идентична.