Празничните колачи се најпосакувани на трпезата и сите ги обожаваат бидејќи се малечки и многу вкусни. Во продолжение може да прочитате 4 рецепти за чоколадни колачи кои може да ги направите за претстојните слави и празници. Еве што ви е потребно:

РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 150 г чоколадо, 65 г путер, 60 мл млеко, 140 г бисквити (28 бисквити) + 80 г чоколадо. РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 120 г засладено кондензирано млеко, 1/8 лажичка сол (ова е опционално), 75 г кокос, 120 г млечно чоколадо, индиски ореви (може да се заменат со други видови јаткасти плодови).




РЕЦЕПТ 2

РЕЦЕПТ 3 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 пакетче Орео (14 парчиња), 1 лажиче прашок за печиво, 100-110 мл млеко, 120 г млечно чоколадо, 2-3 лажици сечкани кикирики (можете да го користите омилениот вид јатки или да не го ставите е во ред).

РЕЦЕПТ 3




РЕЦЕПТ 4 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 85 г крем сирење, 40 г кондензирано млеко (или пудинг од ванила, во тој случај изоставете го крем сирењето), 16 парчиња бисквити крекери, 130 г чоколадо (по вкус).

РЕЦЕПТ 4




ПОСТАПКА (ПРВ РЕЦЕПТ): Во еден подлабок сад скршете го чоколадото на помали коцки или ситно исечкајте го на дрвена даска. Додајте го путерот, исечкан на коцки и прелијте го млекото.

Ставете го садот на пареа врз друг сад со зовриена вода и нежно мешајте со шпатула, додека да се растопат и соединат состојките во еднолична смеса. Настрана искршете ги бисквитите и одозгора прелијте го растопеното чоколадо со путерот.




Започнете да ја мешате смесата додека целосно да се соедини и сите бисквити да се натопат во чоколадото. Потребно е да добиете смеса со мокра конзистентност, како влажен песок.

Ставете ја смесата врз хартија за печење, по должина на пократката страна на хартијата и формирајте цврст ролат, со изглед на салама. Затегнете со хартијата за печење и ставете во фрижидер, да се стегне околу 2 часа.




По изминатото време, растопете го преостанатото чоколадо и прелијте го врз оладениот ролат. Кога глазурата малку ќе се стегне, пресечете го ролатот на помали парчиња и послужете.

ПОСТАПКА (ВТОР РЕЦЕПТ): Кондензираното млеко ставете го во едно тавче, па посолете со прстофат сол и промешајте. Ставете на рингла на ниска температура и со повремено мешање, гответе додека млекото да почне да се згуснува.




Кога ќе зоврие, гответе уште неколку минути, па тргнете од рингла и додајте го кокосот. Измешајте ги состојките, додека да почне да се формира погуста смеса која може да се обликува со раце. Кога смесата малку ќе се олади, формирајте топчиња со приближно иста големина и редете ги на плех, обложен со хартија за печење.

Ставете ги топчињата да се стегнат во фрижидер, минимум 1 час, па растопете ја глазурата и измешајте ја со ситно сечкани јатки по избор (ореви, лешници, бадеми…). Топчињата потопувајте ги во чоколадото, па редете ги на плехот, додека чоколадото да се стегне.

ПОСТАПКА (ТРЕТ РЕЦЕПТ): 1 пакетче орео со 14 парчиња, ставете ги во сад и издробете ги на поситни делови. Одозгора наросете го прашокот за печиво и додајте го млекото. Енергично измешајте ја смесата додека да се соедини во хомогена смеса.

Излејте ја смесата во еден подлабок сад, кој треба да биде мал, приближно со димензии 15х10 см. Ставете го садот во тавче кое претходно треба да биде загреано околу 5 минути и одозгора покријте со капак. Гответе на умерена температура околу 20-тина минути, додека да се направи фина коричка, како да е печено.

Тргнете од рингла и почекајте малку колачот да се олади, па исечете на помали коцки. Во друг сад растопете го чоколадото и додајте ги сечканите кикирики. Глазирајте ги колачињата во чоколадото и оставете да се стегнат на рамна површина, па декорирајте ги по желба со уште малку чоколадо, по избор.

ПОСТАПКА (ЧЕТВРТ РЕЦЕПТ): Крем сирењето измешајте го со кондензираното млеко, додека да се формира конзистентност како пудинг. Ако не можете да најдете кондензирано млеко, направете пудинг од ванила. Филувајте една бисквита со кремот/пудингот и одозгора преклопете со уште една бисквита.

Повторете го процесот уште двапати, додека да наредите 4 бисквити, една врз друга. Последната бисквита не се премачкува со филот. На овој начин формирајте колку што сакате бисквитни колачиња. Ставете ги малку во фрижидер да се стегнат, пред глазирање.

Потоа растопете го чоколадото и глазирајте ги колачињата, додека целосно да се натопат во чоколадото. Одизгора декорирајте со мелени лешници или индиски ореви. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.