Здраво на сите, се надевам дека сте во добро здравје. Моето име е Лена и живеам во Русија. Денес сакам да ви го претставам наједноставниот рецепт за колач со јаболка, на кој јас му додадов и суво грозје, а кој не го сака може да го изостави или да го замени со сува брусница, на пример.
Овој колач се приготвува многу необично, брзо и многу едноставно, но крајниот ефект е феноменален. Ако не сте пробале ваков колач, задолжително направете го, знам дека нема да се покаете и ќе го правите повторно. Секој што го пробал овој колач се воодушевил. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 мала чаша шеќер (160 г), 1 мала чаша чаша гриз (160 г), 1 мала чаша брашно (130 г), 1 прстофат сол, 1 кесичка ванилин шеќер, 1 кесичка прашок за печиво (10 г), 100 г несолен путер, 4-5 цврсти јаболка, суво грозје една рака (по желба), 100 мл масло, калап за торти со флексибилен обрач 22 см.
ПОСТАПКА: Во подлабок сад измешајте ги сите суви состојки: 160 г шеќер, 160 г гриз, 130 г брашно, малку сол, една кесичка ванилин шеќер, една кесичка прашок за печиво, промешајте за да се изедначат состојките, а потоа поделете ја количината на 4 еднакви делови.
За да биде рамномерно поделена количината, најдобро е да користите четири чаши, бидејќи значително ќе ви се олесни и подготовката на самиот колач.
Потоа излупете ги јаболката и исечете ги на тенки плочки. Најдобро е да користите кисели, цврсти јаболка кои не се ронат. По желба кој сака може малку да ги нароси со лимонов сок за да не потемнат.
Калап за торти со флексибилен обрач со пречник од 22 см обложете го со хартија за печење на дното и страните. На дното распоредете 50 г рендан путер. Потоа истурете една чаша од сувите состојки и израмнете.
Врз слојот од суви состојки наредете плочки од јаболко, така да се преклопуваат на краевите и да се надоврзуваат. Откако ќе ја покриете целата површина со јаболка, наросете неколку зрна суво грозје по желба.
Потоа, одозгора истурете ја втората чаша суви состојки и израмнете. Повторно наредете слој јаболка и малку суво грозје. Истурете ја третата чаша суви состојки и израмнете. Повторно наредете јаболка и суво грозје.
Врз третиот слој јаболка одозгора залејте со една чаша ладно млеко (100 мл) и почекајте една минута да се впие. Потоа истурете ја последната, четврта чаша суви состојки и убаво распоредете. Одозгора наросете 50 г путер.
Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 35-40 минути. Печениот колач оставете го малку да подизлади, па отстранете го од калапот и хартијата, пресечете го и послужете го. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.