Сливите содржат едно силно соединение кое ја поттикнува перисталтиката во цревата и на тој начин, со нивно продвижување полесно се отстрануваат заостанатите остатоци од екскрементот и помага во лекување на опстипација.
Од сливите се произведуваат и разни фарамацевтски производи кои важат за едни од најдобрите лаксативи. Во продолжение на текстот прочитајте како најдобро да ги употребите и според кој рецепт треба да приготвите природен лек за опстипација.
Сливите се полни со хранливи состојки кои ги штитат коските и го подобруваат целокупното здравје. Тие се можеби една од најважните намирници кои треба секодјневно да се консумираат за здраво стареење.
Сувите сливи со децении се продаваат како популарен лек за запек, главно поради овие три компоненти: влакна, сорбитол (шеќерен алкохол кој може да ја омекне столицата) и природно лаксативно соединениние наречени дифенил исатин.
ШТИТАТ ОД КАРДИОВАСКУЛАРНИ БОЛЕСТИ И ДРУГИ ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ. Свежите и сувите сливи содржат високо ниво на фитонутриенти кои се нарекуваат феноли. Тие се особено високи во два единствени фитонутриенти кои се наречени неохлороген и хлогена киселина.
Бројни истражувања покажуваат дека овие фитонутриенти спречуваат појава на клеточно оштетување, особено кога станува збор за оксидација на липидните молекули во телото. Со оглед на тоа дека клеточната мембрана, како и клетките на нашиот мозок во најголем процент се изградени од липиди, ова се важни фитонутриенти кои е потребно да се имаат во исхраната.
Исто така е откриено дека овие соединенија инхибираат оксидација на ЛДЛ холестеролот во телото, што го прави важен фактор во превенција од хронични болести.
ПОМАГААТ ВО ПРЕВЕНЦИЈА НА ДИЈАБЕТЕС ТИП 2 И ДЕБЕЛИНА. Свежите и сувите сливи содржат многу растворливи влакна кои помагаат во одржување на стабилно ниво на шеќерот во кр-вта. Растворливите влакна ја успоруваат брзината со која храната се дигестира и како резултат на тоа, се одложува апсорпцијата на шеќерот.
Растворливите влакна, исто така, ја зголемуваат инсулинската чувствителност на организмот. Растворливите влакна покрај тоа, помагаат да се чувствувате сито и задоволно после оброк, што може да спречи прејадување и постепено дебелеење.
ГО НАМАЛУВААТ ХОЛЕСТЕРОЛОТ. Растворливите влакна за кое се говореше претходно, помагаат и да се намали нивото на холестеролот, така што го впиваат вишокот жолчен сок во цревата и го излачуваат. Жолчката се прави од холестеролот во црниот дроб за да можат да се разложат внесените масти.
Кога телото излачува жолчен сок заедно со влакната од сливите, црниот дроб мора да го користи холестеролот од телото за да создаде повеќе жолчен сок, со што се намалува вкупната количина која циркулира во телото.
Растворливите влакна исто така, можат да го инхибираат холестеролот кој го произведува црниот дроб. Истражувањето од 2011 покажало дека сувите сливи се поефикасни од псилиумот во ублажување на опстипацијата.
РЕЦЕПТ ЗА ЛАКСАТИВЕН ЛЕК. Потребни состојки: 150 мл свежо исцеден сок од сливи, 1 чајна лажичка лимонов сок и по желба малку мед. Постапка: Исцедете сок од свежи сливи, да добиете една чаша (околу 150 мл), па додајте една лажичка лимонов сок.
Добиениот сок пијте го на празен стомак секое утро. По желба може да додадете и малку мед. Сокот не го пијте ладен, треба да биде на собн атемпература. Пијте го по потреба, секогаш кога сметате дека цревата не ви се доволно испразнети.