Ви досадија комплицирани рецепти кои бараат многу време и труд? Ако е така, тогаш ова пилешко би можело да стане вашиот омилен рецепт.
Потребни се само три состојки за овој гастрономски специјалитет:
500 г пилешко филе
1 литар павлака за готвење
2 крем супи од печурка
Постапка:
Во огноотпорен сад наредете сечкано пилешко, потоа поросете го со супите од печурка и прелијте со павлаката за готвење.
Ставете во рерна да се готви на 200 степени додека да порумени.
За помалку од половина час ќе имате одличен ручек со многу малку труд.