Кога станува збор за посните слави и посните предјадења кои се омилени на трпезите, мора да забележиме дека денес има многу поголем избор на состојки од кои можат да се приготват, за разлика од порано.

Колку и да се вкусни, посното гравче, посната сарма и пржената риба се „веќе видени“ на речиси секоја „визита“, па домаќините сакаат да ги изненадат своите гости со некое ново вкусно јадење.




Предложените предјадења кои ќе ги прочитате во продолжение не се само декоративни и украс за трпезата, туку се и многу вкусни. Разновидни се и со богат вкус, па доколку постите можете да си ги приготвувате и како главно јадење за своето семејство. Еве што ви е потребно за секој од трите рецепти посебно:




РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2.5 големи листови обланда (5 мали), 300 мл газирана вода, 300 мл пиво, 24 лажици брашно, 1 кесичка прашок за печиво (10-12 г), 6 лажици ајвар, 150 г брикети спанаќ (смрзнат), 200 г маргарин, 200 г маринирани шампињони, 200 мл мајонез, 1 лажица сенф, 100 г посен кашкавал

РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 големи листови обланда (4 мали), 250 г маргарин, 250-285 г мајонез, 50-100 г пржен сусам, 2 лажици сенф, 2 лажици ајвар, 50-70 г кикирики, 1 конзерва туна во парче

РЕЦЕПТ 3 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (посна шпанска пита): 3 шолјички (од 200 мл) пченкарно брашно, 3 шолјички меко брашно, 1 кесичка прашок за печиво (10 г), 1-2 лажички сол, 3 шолјички газирана вода, 2 полни шолјички масло, 3 кисели краставички, 1 свеж морков, 2-3 филети барена или печена пиперка




ПОСТАПКА за рецепт 1: на самиот почеток веднаш вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени, зашто подготовката е навистина брза. Во еден подлабок сад измешајте 300 мл вода со 300 мл пиво, па додајте 24 лажици меко брашно и 2 прстофати сол. Состојките изматете ги со миксер.




Додајте една кесичка прашок за печиво, промешајте и добиената смеса (густа како онаа за палачинки) поделете ја два дека од кои едниот треба да биде поголем (2/5:3/5). Во помалиот дел ставете 150 г одмрзнат (брикети) спанаќ (а може и свеж бланширан). Со овој лист се премачкува еден лист обланда (2 помали листови).




Во вториот, поголемиот дел ставете 6 лажици ајвар. Оваа смеса е поголема и со неа ќе се премачкува 1.5 обланда (3 помали листови). Врз превртен плех ставете еден голем лист обланда со крупните коцки свртен нагоре, па целиот премачкајте го со помалата смеса со спанаќ, рамномерно распоредете и ставете да се пече.




Додека се пече првата кора, постапката повторете ја и со втората смеса, односно премачкјате 1.5 лист обланда. Секоја од корите се печат по 10-тина минути, а потоа се оставаат да се оладат. Големите обланди се сечат на половина. Додека се печат корите вие пригответе го филот: Во подлабок сад пенасто изматете 250 г омекнат маргарин со поголем прстофат сол.




Потоа додајте 200 г посен мајонез и 1 лажица сенф, па повторно кратко изматете. Во смесата додајте 200-230 г сечкани маринирани печурки (1 мала конзерва), 100 г рендан посен кашкавал и 1 рамна лажица сув магдонос. Промешајте за да се изедначи.

РЕДЕЊЕ: кора со ајвар – фил со шампињони, зелена кора – фил и така сè фо крај. преку последната кора, се нанесува фил и се наросува рендан посен кашкавал, па се остава во фрижидер да се олади и стегне, неколку часови или преку цела ноќ.

ПОСТАПКА за рецепт 2: Пенасто изматете 250 г маргарин омекнат на собна темоература, додајте 285 мл посен мајонез (цело пакување) , 2 лажици сенф и 50-100 г претходно истостиран/пропржен сусам (може помешан со ленено семе). Изматете со миксер, па добиената смеса поделете ја на три дела и оставете малку (1 голема лажица + 50 г посен мајонез) за премачкување на целата обланда.

Во првиот дел ставете 2 лажици ајвар и промешајте, во вториот дел ставете 50-70 г мелени печени кикирики, а во третиот дел една мала конзерва туна исцедена од маслото и иситнета. Преостанатите обланди од пакувањето пресечете ги на половина, така да добиете 5 помали листа, но ќе искористите само 4.

РЕДЕЊЕ: лист – фил со туна, лист – фил со ајвар, лист – фил со кикирики. Редоследот на филовите може да биде по избор. Распоредете ги рамномерно преку целата површина, а при поклопувањето на следниот лист обланда малку притиснете за да се залепи.

Постапвете ја четвртата обланда, одозгора ставете нешто тешко и оставете во фрижидер да се стегне. После неколку часови (или преку ноќ) целата обланда премачкјате ја со филот што го тргнавте настрана помешан со 50 г посен мајонез и декорирајте и сечете по желба. Оваа обланда е најдобро да се направи 2-3 дена порано, за да можат обландите убаво да омекнат. Додека се лади и оваа обланда, пригответе ја питата од третиот рецепт:

ПОСТАПКА за рецепт 3: Вклучете ја рерната да се загрева на 180 степени. Во подлабок сад ставете 3 шолјички или чаши од 200 мл пченкарно брашно, 3 чаши брашно, 1 кесичка прашок за печиво и промешајте. Потоа додајте 3 чаши газирана вода и 2 чаши масло. Изматете со миксер додека да се изедначи.

Потоа додајте еден рендан морков, 100 г сечкана барена/печена пиперка и 3 крупно рендани кисели краставички. Промешајте со лажица или шпатула, па смесата излејте ја во обложен плех со димензии 35х25 см. Распоредете рамномерно и ставете да се пече 45 минути. Оставете да се олади па сечете ја парчиња со големина по ваша желба. Деталите од целата постапка погледнете ги ОВДЕ.