Дали ги сакате киселите краставички? Водата од киселите краставички е здрава и можете да ја користите во разни цели.
За максимални ефекти се пие мала шолја (60-70 мл) течност дневно. Може да ја разредите со вода, а после една седмица задолжително направете пауза. Лица со висок притисок и бубрежни заболувања треба да се консултираат со лекар.
Течноста од киселите краставички можете да ја користите за:
-отстранување на коров: Испрскајте го коровот во сув и топол ден – ќе се исуши во коренот.
-со течноста можете да киселите друг зеленчук и подоцна да го јадете. Здраво е.
-може малку да додавате во кајганата, го подобрува вкусот.
-може да ви помогне ако имате ждригавица и проблем со варење на храната.
-се препорачува за спортисти: Спречува грчеви во мускулите, бидејќи содржи калиум, калциум и магнезиум.
-помага при изгореници.
-помага при менструални тегоби.
-делува како антиоксиданс, бидејќи содржи многу витамин Ц.
-помага при воспаленија.
-ја подобрува дигестијата.
-може да помогне за чистење на садови, дезинфекција и слично.
-помага во слабеење, покрај здрава исхрана и физичка активност.
-може да помогне да го истопите снегот
-може да послужи за маринирање на месо и зеленчук.