Лопатка (плешка) е парна триаголна рамна коска во областа на рамениот зглоб, видлива од задниот дел, особено во одредена положба на раката. Оваа коска често с трада поради неправилно држење на телото и предизвикува б олка не само кај постарите, туку и кај помладата популација.
Лопатката е многу важна коска која има задача да ја одржува стабилноста на зглобот во рамото. Б олката помеѓу плешките, може да биде резултат на широк спектар разни здравствени состојби, од неправилно држење на телото и мускулна напнатост, до дискус хернија, ГЕРБ или белодробна емболија, до рак и срцев у дар.
Сето ова значи дека овој вид на б олка не треба да се игнорира во никој случај. Ако б олката помеѓу плешките ја чувствувате подолго време, потребно е да се консултирате со лекар, бидејќи постои можност тоа да е знак за рак на хранопроводот или претстоен срцев у дар.
Што предизвикува б олка помеѓу плешките?
Неправилно држење на телото
Ако често сте подгрбавени, а не во исправена положба, правите огромна оптовареност на горниот дел од грбот. Кога имате лошо поставено торзо, мускулите се напнати во текот на целиот ден, па дури и се воспалуваат од неурамнотежената маса што постојано ги притиска.
Целата оваа состојба може да предизвика голема непријатност помеѓу плешките од пецкање до силна б олка. Ако оваа б олка се појави поради неправилно држење на телото, тогаш не треба да бидете сериозно загрижени.
Ставете потсетник на вашиот телефон да ве предупредува на секои 20 минути за да се исправите, а веќе наредниот ден ќе стекнете навика и ќе бидете постојано исправени.
Дискус хернија
Б олката помеѓу плешките е карактеристична за дискус хернија која се јавува во областа на вратот, така што најчесто б олката продолжува да се шири помеѓу плешките. Причината за хернија на цервикалниот (вратниот) диск може да биде физичка повреда или одредени болести што ја предизвикуваат.
Се јавува срцев у дар
Знак за претстоен срцев у дар е б олката во горниот дел на грбот. Оваа индикација се јавува почесто кај жени отколку кај мажи. Меѓутоа, ако б олката е прилично ненадејна и се шири од градите кон рацете, а продолжува меѓу плешките, може да биде сериозно предвидување за срцев у дар.
Спинална стеноза
Спиналната стеноза се јавува стеснување на спиналниот канал. Оваа болест најчесто се јавува во горниот дел на вратот или во долните делови на ‘рбетот. Б олката може да се прошири кон нозете.
Гастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕРД)
Оваа специфична болест обично е придружена со бројни симптоми, вклучувајќи враќање на киселината и содржината на желудникот кон грлото, кашлица, засипнатост, б олка во градите и проблеми со голтање.
Исто така, ГЕРБ се карактеризира со б олка помеѓу плешките. Ако не се лекува, оваа состојба може да доведе до рак на хранопроводот. Б олките во стомакот, грлото и панкреасот се исто така симптом на гастроезофагеална рефлуксна болест.
Остеоартритис
Ако чувствувате вкочанетост во горниот дел на грбот и б олка во пределот меѓу плешките, можеби стра-дате од остеоартритис. Друг важен показател за оваа состојба е б олката што се влошува во текот на денот и ве буди среде ноќ.
Многу е важно оваа б олка да не се меша со б олката што предизвикува замор. Лекарите секогаш советуваат дека треба да се испита секоја необична б олка.
Напрегање на мускулите
Истегнување на мускулите е најчестиот виновник за б олка во горниот дел на грбот помеѓу плешките. Може да биде предизвикано од кревање големи товари, лошо држење на телото, долго стоење во едно место, лоша положба на спиење или долго седење.
Исто така, рекреативните спортови, како што се тенис или голф, бидејќи тие многу активно ги зафаќаат мускулите на рамениот појас, можат да ја предизвикаат оваа б олка.
За оние кои стра-даат од б олка помеѓу плешките и се сигурни дека непријатноста е предизвикана од лоша положба на телото при спиење, седење, подгрбавеност или поради некоја тешка физичка работа, тогаш овие вежби се одлични, бидејќи со сигурност ја намалуваат б олката во овој предел.
Секако овие вежби може да се прават и при состојби како дискус хернија, остеоартритис за подобрување на состојбата, откога ќе се отпочне со физикална терапија.
Д-р Џаспер Хулсер, киропрактичар по професија од Милтон, Кембриџ клиниката советува секојдневно да ги правите овие вежби, а б олката помеѓу плешките со сигурност ќе ја намалите.
Тој советува – „Б олката нема да исчезне преку ноќ. Потребно е повеќе денови да се вежбаат вежбите, а некогаш терапијата трае со месеци. Но, немојте да се откажувате пребрзо и почнете навреме со третманот.”
Овие вежби одземаат само 15 минути да ги направите. Потребно е да ги правите секојдневно по два – трипати на ден. Лесно се изведуваат и може да се прават во домашни услови.
Најпрво потребно е да бидете постојано исправени и да одржувате правилен став на телото и ‘рбетниот столб. Овие вежби може да ги практикувате во домашни услови, а доволно е само еднаш да ги погледнете за да ги запамтите, многу се лесни за изведување.
I Вежба: Поставете черга на подот и заземете положба на мачка. Односно со колената и рацете потпрете се на подот. Бидете сигурни дека грбот е во исправена положба.
Со секое вдишување подвиткајте го грбот кон подот, а со секое издишување, издолжувајте го грбот нагоре, а потоа полека вратете се во почетната положба. Потоа наместо да се потпирате на дланките, потпрете се на подлактниците и потколениците на подот.
Повторете ја истата постапка како и првата вежба со подигнување на грбот при вдишување и свиткување на грбот при издишување. Истегнете ја главата наназад колку што можете повеќе и останете во оваа положба неколку секунди.
Двете вежби повторете ги 10 пати, останете во заземената положба 5 секунди и направете 3 сетови. Многу ефективна вежба за зголемување на мобилноста и намалување на б олката.
II Вежба: Втората вежба е мојата омилена и ја нарекувам „Тркалање“. За оваа вежба ви е потребно една детска топка или поголем ролер. Топката поставете ја покрај вас од левата страна.
Левата рака ставете ја пред топката, а десната рака со задната страна на дланката треба да поминува под вашето тело и да ја ставите на топката/ролерот. Започнете да ја тркалате топката нанадвор додека со раката ја придржувате.
Повторете ја вежбата 10 пати, држете 5 секунди, по 3 сетови. Истиот принцип повторете го и на другата страна.
III Вежба: Легнете на стомак, а дланките ставете ги зад глава. За челото да го потпрете може да ставите некое мало сунѓерче на подот. Поткревајте го горниот дел од телото, истовремено со нозете кои треба да ви бидат поткренати.
За да знаете дали правилно ја изведувате вежбата, ќе почувствувате затегнување во пределот на грбот, особено во долниот дел на грбот. Останете во оваа положба 10 секунди. Повторете ја вежбата 10 пати, по 3 сетови.
IV Вежба: Оваа вежба е многу моќна и ефикасна. Потребен ви е еден поголем пешкир кој ќе го завиткате како валјак и ќе го поставите околу половината, а вие треба да легнете на стомак.
Главата оставете ја подигната, а рацете потпрете ги на валјакот/пешкирот. Со помош на силата на рацете, подигнете го горниот дел од телото. Главата треба да ви биде постојано исправена нанапред. Повторете ја вежбата 10 пати, останете во заземената положба 5 секунди и направете 3 сетови.
V Вежба: Наредните 2 вежби може да ги правите во текот на денот, додека сте на работа бидејќи се изведуваат на столче. Седнете на столчето и раширете ги нозете на надворешната страна.
Долниот дел на нозете свиткајте ги зад ногалките на столчето бидејќи не треба да го поместувате долниот дел од телото. Рацете прекстете ги една преку друга како да се прегрнувате самите себе.
Потребно е додека стоите со рацете во оваа положба, да го свртите телото на лева страна. Останете во оваа положба 5 секунди, а потоа направете го истото на десната страна. Исто така, оставете во положбата 5 секунди. Повторете ја вежбата 10 пати, по 3 сетови.
VI Вежба: Последната вежба. Застанете со расчекорени нозе. Кренете ги рацете над главата и заземете „ Y “ положба. Држете ги рацете во вис околу 5 секунди, а потоа повторете ја вежбата уште 10 пати.
Положбата во која се наоѓате треба да личи на ” Y ” буквата, па затоа вежбата го добила ова име. Потоа подлактницата свиткајте ја во лакотниот зглоб и спуштете ги рацете така што сега ќе одржувате положба на буквата “W”. Не ги допирајте лактите покрај телото. Останете во оваа положба уште 5 секунди.
Потоа направете “ T ” положба така што подлактниците само ќе ги исправите, а надлактиците остануваат во истата положба без допирање на телото. Навалeте ги рацете накај грбот и повторно останете во оваа положба околу 5 секунди.
Потоа последното движење е да ги приближите надлактиците покрај телото, а подлактниците ќе ги свиткате во лактите. Оваа позиција се нарекува “ L ” положба. Останете во оваа положба уште 5 секунди.
Повторете ја постапката 10 пати, по 3 сетови. Деталите од целата постапка на вежби погледнете ги во видеото ОВДЕ. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска